Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: М-р Михајло Борозанов во Бизнис-клуб: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > М-р Михајло Борозанов во Бизнис-клуб: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на државата
Агровести

М-р Михајло Борозанов во Бизнис-клуб: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на државата

Објавено 16/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол“ АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно постоење, како еден од столбовите на македонската економија.

Во разговорот м-р Борозанов изјави дека компанијата „Макпетрол“ АД е лидер на Балканот во енергетскиот сектор, функционира на солидна деловна основа, вработува повеќе од 2000 луѓе, поседува 127 малопродажни објекти и остварува годишен обрт од 500 до 600 милијарди евра, иако работи со мали маржи. Во фокусот на компанијата е квалитетот на производот и на услугите, преку доследно следење и почитување на стандардите.

М-р Михајло магистрирал Бизнис-администрација со специјализација по финансии на Дунавскиот универзитет во Кремс, Австрија. Неговото 20-годишно  искуство во корпоративните финансии, стратегијата, менаџментот со ризици и дигитализацијата му овозможува успешно да ги извршува функциите директор на финансии и член на Управниот одбор во „Макпетрол“ АД Скопје. Според него, финансиската стратегија, дигиталната трансформација и современото корпоративно управување, меѓу кои и управувањето со ризици, се основата за создавање одржлива и глобално конкурентна економија.

Запрашан за бизнис-амбиентот, кој не е докрај поволен за создавање услови за повисоки профити и за зголемен извоз, што би довело до додадена вредност на производот и на услугите и би обезбедило добар и сигурен опстанок на државата и останување на младите во неа, м-р Борозанов нагласи:

„Потребно е зголемување на продуктивноста преку вложување во добра инфраструктура (железнички и патен сообраќај), силни инвестиции во образованието, знаењето и во практичните вештини, како и забрзана дигитализација со користење на потенцијалите на вештачката интелигенција.“

Целиот разговор може да се погледне на YouTube каналот на Стопанската комора

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Таг:Бизнис-клубдржаватаМихајло Борозанов
Претходен напис УХМР: До сабота променливо облачно со повремен дожд
Следен напис Образец за поднесување на иницијативи за изработка на предлог Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?