Лушпите од компири се богат извор на скроб, кој им е многу потребен на рибизлите. Од него рибизлите повеќе растат и можат да достигнат големина на вишна.
Тоа нека ви стане навика, не ги фрлајте лушпите од компирите, собирајте ги, сушете ги и чувајте ги додека не ви затребаат. Нив лесно можете да ги исушите на радијатор или на прозорските даски. Најдобро е да се чуваат во платнени вреќички.

Цела пролет и лето закопувајте суви лушпи од компири околу грмушките на рибизлите или сварете ги па со изладената течност полевајте ги вашите рибизли.
Исто така лушпите од копири можете да ги искористите и како ѓубриво за зелката и краставиците. За таа намена, сувите лушпи натопете ги и направте од нив каша. Кога ќе направите дупка за расадување, на дното ставете малку од таа каша и посипете со малку земја, а потоа засадете го растението.
Извор: Здравасрбија