Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ловџии бараат да се пронајдат виновниците кои запалиле два ловечки објекти во подножје на Кожуф Планина 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Ловџии бараат да се пронајдат виновниците кои запалиле два ловечки објекти во подножје на Кожуф Планина 
Шумарство и водостопанство

Ловџии бараат да се пронајдат виновниците кои запалиле два ловечки објекти во подножје на Кожуф Планина 

Објавено 11/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ловџии  бараат да се пронајдат и казнат виновниците кои запалиле два ловечки објекти во подножјето на Кожуф Планина. Како што информираше денеска за МИА,  Борче Китановски, ловџија од Неготино, ловните куќи биле под селото Радња, до таканаречените „кинески колиби“ во Демиркаписко.

– Едната ловна куќа беше од дрво, а другата всушност беше поголем контејнер. Некој ги запалил за време на овие празнични денови. Има штета, со објектите изгореа и кревети, постелнина, садови за домаќинство. Случајот го пријавивме во полиција и се надеваме дека ќе има разрешница. Причина плус што мора да се реагира е и фактот што при пожарот на двата објекта, во опасност била и околната шума. Мора да се преземе нешто, за во иднина да не се случуваат вакви работи, соопшти Китановски.

Тој апелираше до сите совесни луѓе што можеби имаат било каква информација во врска со овој случај, да ја пријават кај надлежните полициски служби. Најави и награда за секоја корисна информација.

За пријавен пожар потврди и Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

На 3 јануари во 12:40 часот во Полициската станица во Неготино, Б.К (39) од Неготино пријавил настанат пожар во неговата викенд куќа на Кожув Планина, на место викано „Кинески колиби“, Демиркаписко. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино и се превземаат мерки за расчистување на случајот, стои во пишаниот одговор на прашањето од МИА. 

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Кожуф Планиналовечки објектиловџии
Претходен напис Основни чекори кои треба да се следат при подигнување овоштарник
Следен напис Објавен конечниот извештај за ревизија на успешност за „Користење на водите за наводнување“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?