Лима грав (Phaseolus lunatus, P. limensis) се користи и се одгледува слично како и грашокот, поради зрната во млечна зрелост, како грав поради зрелото зрно, а во помала мера како боранија.
Постојат два типа на лима грав: ситнозрнест P. lunatus и крупнозрнест P. limensis. Секој тип опфаќа високи и ниски норми. Високиот лима грав расте во висина од 2-4 м, а жбунестиот 30-90 см. Цветовите се ситни со зеленикава или виолетова боја. Мешунките се широки, плоснати, долги 7-20 см. Семето е мазно, плоснато или округоло, со должина од 1-2,5 см, бледожолтеникаво, светлозелено или обоено.
Лима гравот има поголеми потреби за топлина отколку обичниот грав. Крупнозрнестите сорти се почувствителни на повисоките температури и сувиот воздух од ситнозрнестите. На температура над 30 степени Целзиусови и на релативна влажност на воздухот над 60 % крупнозрнестиот грав слабо заврзува.
Лима гравот се одгледува на сличен начин како боранијата. Се сее кога времето на пролет ќе затопли, обично на почетокот на мај.
Високите сорти се сеат по 3-5 семки. Растојанието меѓу редовите е 90-120 см.
Ниските сорти се сеат во редови, со меѓуредово растојание од 60-75 см, со 8-15 см помеѓу семките.
Периодот од сеидба до берба, зависно од сортата и температурата, трае 70-90 дена, а некогаш и 110 дена. За продажба на пазарите мешунките се берат рачно, а за конзервирање и смрзнување со комбајн, слично како грашокот.
Извор: agrosavjet.com
