Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лидл пред влез во Македонија: Над 5.500 палети македонско овошје и зеленчук веќе извезени во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лидл пред влез во Македонија: Над 5.500 палети македонско овошје и зеленчук веќе извезени во Европа
Агровести

Лидл пред влез во Македонија: Над 5.500 палети македонско овошје и зеленчук веќе извезени во Европа

Објавено 27/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако Лидл сè уште не ги отвори своите продавници во Северна Македонија, компанијата веќе остварува значително влијание врз локалната економија. На денешната конференција посветена на развојот, извозот и сертификацијата на македонското овошје и зеленчук, одржана во Скопје, беше истакнато дека само во 2024 година преку европската мрежа на Лидл се извезени над 5.500 палети сертифицирано македонско производство.

„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл, македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификати, што им овозможува подобар пласман на европските пазари“, изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл.

Настанот беше организиран во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, ГИЗ, швајцарската програма ИМЕ и „Макфреш“, со цел подигнување на стандардите во земјоделството и поттикнување на извозната конкурентност на локалните производители.

Во фокусот беа стандардите Global GAP и GRASP, кои беа детално претставени од експертите Васил Трпевски и Зорица Смилевска. Меѓу присутните беа и проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државната фитосанитарна лабораторија, како и претставници на над 100 компании од земјоделскиот сектор.

Поддршката од меѓународната заедница беше истакната и од страна на заменик-амбасадорот на Германија, Јан-Аксел Фос, кој нагласи дека отворањето на Лидл ќе биде најголемата германска инвестиција во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор.

Од Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари ја поздрави соработката со Лидл преку проектот „Подготвени за снабдување“ (Fit for Supply), во рамки на кој ИМЕ финансира до 50% од трошоците за сертификација, ГИЗ обезбедува експертиза, а Лидл отвора пазарни врати за локалните производи.

Со овие чекори, Лидл докажува дека македонските земјоделски производи се конкурентни на европскиот пазар и имаат потенцијал за значаен раст и извоз.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:извозлидлмакедонија
Претходен напис Сообраќајот непречено, нема подолги задржувања на граничните премини
Следен напис Новиот трактор „Солис“ на Христина Цветкоска: Ги зголемуваме површините, со современа механизација очекуваме подобри приноси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?