Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лидија Попандонова, претставник во Мисијата на РСМ при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО во Рим
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лидија Попандонова, претставник во Мисијата на РСМ при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО во Рим
Агровести

Лидија Попандонова, претставник во Мисијата на РСМ при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО во Рим

Објавено 12/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со потпишувањето на Спогодбата за упатување на претставник во Мисијата на Република Северна Македонија при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно се вклучи во владиниот проект за зајакнување на економската дипломатија како важен дел од надворешната политика на нашата земја.

Нашата држава како членка на ФАО од 1993 година, има долгогодишна успешна соработка со оваа мултилатерална организација, заснована на бројни проекти и програми за зајакнување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, поддршка на процесот на евроинтеграција преку хармонизација на легислативата во земјоделството, руралниот развој и безбедноста на храна и приближување кон стандардите на Унијата.

ФАО е значаен партнер на Владата во исполнување на предвидените цели во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, а во последните години се поголем акцент се дава на прилагодување кон климатските промени, зелениот развој, дигитализацијата во земјоделството и тежнеењето кон социјалната и родова еднаквост, се со цел да се создадат услови за достоинствен живот во руралните средини. Позиционирањето на Република Северна Македонија во ФАО и поддршката на земјоделството како еден од клучните економски ресори во нашата земја, преку активен пристап и лобирање, за нас е многу важно, бидејќи целта е успешно да се афирмираат националните економски интереси и да се прошири и зајакне поддршката што се обезбедува во моментов.

Оваа позиција која ја пополнуваме сега, покрај ФАО ги покрива и другите две важни организации на Обединетите Нации со седиште во Рим – Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) и Светската Програма за храна, што отвора поле за нови проекти и развојни програми.

Согласно критериумите за избор, како претставник на државата ќе биде испратена Лидија Попандонова, стручен административен службеник, со долгогодишно искуство во соработка со меѓународните организации, богато искуство во соработката со ФАО и повеќегодишен директор на проектите на ИФАД, која ќе може професионално да ја презентира нашата земја и да придонесе кон унапредување на соработката на повеќе нивоа.

Фејсбук статус на Трајан Димковски

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Лидијафаочадиковска
Претходен напис Бачовски: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде што вршат земјоделска дејност
Следен напис Бочварски: Инвестираме во Берово во развој на инфраструктурата и туризмот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?