Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид
Агровести

Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид

Објавено 07/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид. За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.

Според агендата, утре предивдени се официјални обраќања на самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи и заменик поошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На пленарната сесија „Отворен Балкан отворен туризам“ предвидени се обраќања на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ. Свои ставови ќе споделат претставниците на стопанските комори, а можност за дебата ќе имаат и директори на институции, тур-оператори, хотелиери…. На пленарната сесија посветена на Отворена култура на Отворен Балкан ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити и вицепремиерката и министер за култура и информации Маја Гојковиќ. Можност за дискусија ќе имаат претставници на културни институции, директори, културни работници, продуценти… На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација. Иницијативата Отворен Балкан предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:open balkan
Претходен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?