Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЛЕНДНЕТ: Локалното производство на храна никогаш не било поважно од сега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЛЕНДНЕТ: Локалното производство на храна никогаш не било поважно од сега
Агровести

ЛЕНДНЕТ: Локалното производство на храна никогаш не било поважно од сега

Објавено 25/05/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Локалното производство на храна никогаш не било поважно од сега. Затоа е неопходно да се зголеми мобилноста на земјиштето како ресурс, но и да се максимизира неговата искористеност, порачаа учесниците на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што се одржува денеска и утре во Скопје. На работилницата уште еднаш беше посочено дека еден од најголемите структурни проблеми на македонското земјоделство и основен лимитирачки фактор за поголема конкурентната способност на земјоделците е малата површина на земјоделските стопанства и прекумерната расцепканост на површините.

-Повеќето земјоделски стопанства во Македонија се помали од два хектара, наспроти 16,6 хектари просечна големина на земјоделските стопанства во ЕУ. Дополнително, малите земјоделски стопанства во државата се расцепкани на пет или повеќе ситни парцели со неправилна форма, оддалечени една од друга – што ја намалува продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на фармите и оневозможува инвестиции во модернизација и економија од обем. Дополнителен предизвик е недоволната и застарена земјоделска инфраструктура – пристапни патишта, системи за наводнување и одводнување. Конкуренцијата на пазарот на ЕУ и во глобалната економија едноставно не е возможна со ваква структура на земјоделското земјиште, рече Јован Стојановски, шеф на Кабинет на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во овој контекст тој се осврна на поддршката што земјава ја добива од ФАО и ЕУ преку проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште” (МЕИНЛЕНД). -Со поддршка на МАИНЛАНД, консолидацијата полека, но сигурно фаќа чекор. Постигнавме значителен напредок во спроведување на првиот циклус на современи интегрирани проекти за консолидација на земјоделско земјиште на поголеми подрачја во државата, со вклучување посериозни инфраструктурни инвестиции базирани на модерен, демократки принцип, каде земјоделците го имаат главниот збор. Останувам уверен дека подобрувањето на структурата на земјоделското земјиште и зголемувањето на пристапот на земјоделците до инфраструктура, технологии и пазари е клучно за иднината на системите за храна и може да ги привлече младите во овој сектор. Подготвени сме да ги научиме и прифатиме новите меѓународни трендови, идеи и начини на управување со земјиштето, како клучен ресурс во политиките за земјоделство и рурален развој, подвлече Стојановски. Стојановски дополни дека досега во рамки на МАИНЛАНД консолидацијата на земјиштето успешно се финализираше во две подрачја, а седум други подрачја се во напредна фаза на распределба на земјиштето. Крајната цел, истакна Стојановски, е да се подобри структурата на околу 3.000 хектари земјоделско земјиште, од што директен бенефит ќе имаат околу 2.500 сопственици на земјиште, нивните семејства и заедници. Набил Ганги од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија преку видео обраќање оцени дека Северна Македонија во последниве години се разви во водечка земја за поддршка на ФАО за консолидација на земјиштето во регионот, особено преку тековниот проект МАИНЛАНД финансиран од ЕУ, а научените лекции од воведувањето на консолидација ќе биде една од клучните теми на работилницата.

-Би сакал да изразам благодарност до Министерството за земјоделство, Делегацијата на ЕУ и до сите чинители и партнери во земјата за нивната доверба и укажаната можност да работат заедно за решавање на една од најважните пречки за развојот на земјоделскиот сектор во Северна Македонија – прекумерна фрагментација на земјиштето, големини на мали фарми и недоволна земјоделска инфраструктура. Крајната цел на поддршката е да се зголеми конкурентноста на фармите, да се зајакне руралната егзистенција и да се подобри одржливоста во управувањето со природните ресурси во Северна Македонија, нагласи Ганги. Значењето на консолидацијата го акцентираше и деканот на Градежниот факултет во Скопје, Златко Србиноски, потенцирајќи дека е актуелна тама со години наназад, но и дека е целосно е покриена со студиската програма за геодезија.

-Градежниот факултет го следи постојано пазарот на трудот и на него ги прилагодува своите програми. Од вкупно продуцираните преку 7.000 инженери досега, дипломирани геодети се над 650, 250 се магистри и околу 10 се доктори по геодезија, рече деканот. По исцрпување на денешната агенда, работилницата ќе продолжи утре со сесија за консолидација на земјиштето во Македонија и посета на селото Егри во Општина Битола. На работилницата во Скопје што се одржува во хибриден формат, учествуваат повеќе од 180 професионалци од областа на управувањето со земјиштето од околу 40 земји, главно од Европа и Централна Азија, а претставници од Данска, Латвија и Словенија ќе споделат добри практики и искуства од нивните држави во оваа област.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ленднет
Претходен напис Уште само 5 дена за пријавување за субвенции за 2022
Следен напис Ванг: Потребен е зелен коридор за извоз на жито од Русија и од Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?