Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лековитите својства на белата мртва коприва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Лековитите својства на белата мртва коприва
Магазин

Лековитите својства на белата мртва коприва

Објавено 17/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Белата мртва коприва (Lamium album) луѓето во минатото ја користеле за лечење на женски тегоби.
Во лековити цели се користела против болести на дишните, уринарните и органите за крвоток и против несоница. Новите истражувања ги покажале вистинските лековити вредности на оваа коприва.

Белата мртва коприва расте на разни места, обично на влажни плодни почви, на рабовите на шумите и патиштата, на бреговите на реките и потоците во низинските и планинските појаси.

Белата мртва коприва е повеќегодишно растение со долго стебло и подземни корени. Стеблото е високо од 20 до 50 см, обично во долниот дел е слабо разгранета, на врвот влакнеста, зелена, а понекогаш и виолетова. Листовите се на долги петелки, спротивни, долги од 4 до 7 см, широки од 2 до 4 см, по должина грубо назабени, од двете страни ретко влакнести, во форма на срце и остар раб.

Цветовите се бели, поретко црвенести. Ги посетуваат инсекти меѓу кои главно се пчелите и по тоа нстанало другото име за ова растение – пчелна коприва.

Цвета од мај до август, а често и втор пат во есен, понекогаш и до почеток на зимата.

Во лековити цели се користат цветови или цели растенија. Од цветовите треба да се одвојат чашките, а латиците брзо се сушат во тенок слој на осветлено место или во печка на температура до 40 степени Целзиусови. Цветот содржи слуз, танин, сапонин, флавоноид, етерично масло, алкалоиди, полисахариди, органски киселини и некои други состојки. Листовите се добар извор на витамин А. Растението може да се користи во лековити и прехранбени цели.

Цветовите се добар извор на нектар и пелуд па тоа е добро растение за пчелна паша. Во прехранбени цели можат да се користат листови, цветови, млади изданоци во салати или варени како зеленчук.

Со белата мртва коприва се лечат низа болести. На прво место многу е добра во лечење на многу пореметувања со менструацијата и материцата. Како чистач на крв служи кај екцеми, скрофрул(вид на туберкулоза), слабокрвност, висок крвен притисок, проширени вени, хемороиди, зголемена простата, разни осипи и внатрешни и надворешни крвавења. Добра е за лечење на мочниот меур, бубрезите и болести на срцето.

Ја регулира работата на потните жлезди. Исто така служи за лечење на органите на варење: појава на мачнина, повраќање, пролив, против надуеност, го смирува воспаленитео на слузницата на желудникот и цревата, гастритисот и зголемената болна слезина. Со неа се лечат дишните органи, дури и туберкулоза на градите. Лек е и за слаби нерви бидејќи делува смирувачки и придонесува за добар сон. Надворешно е добра за лечење на рани, чиреви, воспаление на кожата и други потешкотии. Со чајот се мијат раните и нечистотијата на кожата кај животните. Несакани ефекти не се познати.

Извор:agroportal.hr

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бела мртва коприва
Претходен напис Во Крива Паланка одржан општинскиот натпревар во риболов на пливка
Следен напис Пад на цената на пченицата на светските берзи – пченката и понатаму стабилна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?