Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл“ од 300 милиони евра, македонската економија е динамична и развојна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл“ од 300 милиони евра, македонската економија е динамична и развојна
Агровести

Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл“ од 300 милиони евра, македонската економија е динамична и развојна

Објавено 02/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев со дела ја потврдува силната посветеност и реализација на мерки и политики за развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, е уште еден одлучен чекор на владата предводена од СДСМ за поддршка на економијата, нови работни места и подобар живот на сите граѓани.

Како дел од овој план, познат како ИПИ 2021 – 2027, најавена е и голема странска инвестиција на „Лидл“ од Германија.

Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје.

Со влезот на „Лидл“ – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот „Лидл“ е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа.

„Лидл“ значи и отварање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.

Следната, е големата инвестиција, домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.

Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 го трасираме патот кон раст и развој на македонската економија.

Ова е сериозен план на инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија.

Остануваме посветени на креирање политики со кои силно ќе се поддржи домашното стопанство, работниците, политики кои обезбедуваат подобар живот за сите граѓани, изјави Кузеска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Лидл
Претходен напис БП планира да го намали производството на нафта за 40 проценти и да го зајакне бизнисот со обновлива енергија
Следен напис Уште едно успешно авионско засејување на облаците за заштита од град!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?