Веќе поранешната директорка на Царинската управа, Славица Кутиров ги образложи причините поради кои се повлекла од челната позиција.
Вели дека планира развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.
„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план. Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата“, вели Кутиров.
На новиот директор, Стефан Богоев, му го честита назначувањето на функцијата и му посакува успешна работа и уште подобри резултати.
Ексградоначалникот на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев за медиумите посочи: „Бев консултиран и прифатив“. Со ова, по година и половина без функција, тој седнува на директорско столче.
Напишете коментар