Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кривични пријави за загадувањето на Дебарско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кривични пријави за загадувањето на Дебарско Езеро
Агровести

Кривични пријави за загадувањето на Дебарско Езеро

Објавено 27/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против правно и две одговорни лица во врска со загадувањето на Дебарско Езеро, што се случи во средината на март годинава.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар како и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55), од Дебар, одговорни лица во правниот субјект за „несовесно работење во службата, изјави Стефан Димоски портпарол на секторот за внатрешни работи од Охрд.

Додава дека на 19 март годинава, одговорните лица, дозволиле истек на употребено моторно масло сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското Езеро.

-Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од законот за управување со отпад, законот за животна средина и од правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла, рече Димоски.

Загадувањето на езерото, кое негативно влијаеше врз флората и фауната, предзивика голем револт меѓу жителите на Дебар, а го осуди и Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото. 

Ново загадување на Дебарско Езеро, овој пат кај Мелнички Мост
Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Дебарско езерозагадување
Претходен напис (ВИДЕО) Решена мистеријата на облакодерот во Кина кој се нишаше без да има земјотрес
Следен напис Принцот Чарлс: Малите семејните фарми се едни од најиновативните мали бизниси и ние зависиме од нив на многу начини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?