Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро
Агровести

Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Објавено 22/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Instagram
Сподели
Ad imageAd image

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец“, излеана е поголема количина мазут. На оваа, како што ја оценуваат кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото.

-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува сè до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа, ги презеле потребните чекори.

-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината извршија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната – изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и дека се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Од концесионерот на езерото, Спортското риболовно друштво „Трофта“, не сакаа да коментираат, велат дека чекаат одговор од надлежните.

Засега нема информации за угината риба, бидејќи, како што велат поради ниските температури рибата вообичаено се засолнува на поголема длабочина, штета врз флората и фауната секако ќе има. Угинати се неколку езерски патки.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати
Таг:Дебарско езероМазут
Претходен напис Укината забраната за камиони на премините Ѓавато и Стража и на патот Струга – ГП Ќафасан
Следен напис Македонија има задоволителни водни ресурси, потребно е рационално управување со нив
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?