Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кравјото лудило ќе доведе до трговска војна помеѓу САД и Европа?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кравјото лудило ќе доведе до трговска војна помеѓу САД и Европа?
Агровести

Кравјото лудило ќе доведе до трговска војна помеѓу САД и Европа?

Објавено 15/02/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американците се закануваат со царини доколку земјите на ЕУ не започнат да увезуваат повеќе амерички земјоделски производи, а  нивниот претседател Доналд Трамп, вели дека се повеќе му се чини дека би можело да дојде до трговска војна .

Поради, на сите познатата криза од `90-те поврзана со  болеста  говедска сунгереста енцефалопатија (BSE)  позната уште како кравјо лудило, Европската унија најверојатно ќе го одбие барањето на САД за редуцирање на строгите правила за сигурноста на храната. Истовремено американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со царини, ако земјите на ЕУ не започнат да увезуваат повеќе американски земјоделски производи.

 Со оглед на тоа дека извозот на храна и земјоделски производи од Европа во САД е поголем за 12 милијарди долари годишно одколку увозот од САД во ЕУ, американскиот министер за земјоделство Sonny Perdue рече дека ЕУ би требало да ги прилагоди своите прописи за храната и сепак малку да ги ублажи. 

На повидок е трговска војна со САД

Но се добива впечаток дека мали се шансите, Европскиот парламент ќе се согласи „ Европјаните кои ја памтат болеста кравјо лудило , нема да прифатат никакво намалување на стандардите за храна, ниту еден политичар не би требало да  поддржи таков трговки договор“ изјавил експертот за трговија од Европскиот центар за политика Johan Bjerkem и додаде ,,Преговараме со Трамп, кој патем речено европјаните ни малку не го симпатизираат. Според тоа ќе биде тешко да се прифати ваквиот договор“.

Имено, Трамп долго се жали дека  трговската размена на САД со ЕУ е полоша од онаа со Кина. Оваа недела дури изјави и дека има свое гледиште за Европа и заклучи дека  дака постојат шанси за нова трговска војна.

На Европа и е дозволено да користи хлор , а на Америка не?

ЕУ забрани увоз на месо од САД кое е третирано со хормони за  растење и на живина  измиена со перацетска киселина, или тоа месо е познатао уште како „хлорно пилешко“, што во Америка претставува вообичаена практика. Од друга страна пак Вашингтон укажува на тоа дека салатата во Европа редовно се мие со хлорирана вода, поради дезинфекција, и таквата практија ја сметаат за протекционизам на европското земјоделство. На тоа Брисел им одоговори дека антимикробното  миење на живината со хлорирана вода е само маска за хигиенските стандарди.

Европската агенција за сигурноста на храната (EFSA)  заклучи дека различните типови на миење на храната со хлорирана вода, не се сигурни за потрошувачите и затоа  не треба да бидат дел од хигиенската постапка при обработката на живината. Освен тоа во оваа агенција правени се испитувања на месото кое било третирано со хормони, но сеуште не е докажано дали е безбедно за консумирање бидејќи немаат доволно податоци.

Како резултат на големиот број скандали со храната, ЕУ е внимателна при увозот.

Кравјото лудило од кое се разболувале лугето, допринесе до глобална забрана за извоз на животни и до принудно колење на милиони грла стока во Британија. Исто така постојат и други скандали, поврзани со сточарството, како што е употребата на диоксин во сточната храна, пронајден во Белгија( поради што дошло и до основање на EFSA). “Тоа допринесе да во Евроа се воведат мерки на претпазливост, односно до заклучокот дека ако не сте сигурни не ризикувајте“, рече  Erik Millstone,  професор на Универзитетот во Sussex.

Истовремено се заострени законите на ЕУ за означување на производите, а во 2003 година ознаките се воведоа за да се открие присуство на повеќе елементи во трагите од генетски модифицираните(ГМ) посеви. Како резултат на тоа, и покрај фактот, што милиони тони  ГМ храна за животни се увезува во ЕУ, таквите производи не завршуваат кај Европските потрошувачи.

Некои земјоделски производители од САД сметаат дека со означувањето ан ГМ храната е неправедно стигматизирање на нивните производи од страна на ЕУ.  Истовремено пак САД забранува увоз на сирење произведено од неполномасно млеко, свен ако не одлежало 60 дена . Тоа значи дека  се исклучува увозот на француските сирења  бри и камемеберт.  

Извор: Ароклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Безбедност на увезената храна од САДеусадСтроги правила на увоз на храна во ЕУТрговска војна
Претходен напис Димковски од Куманово: Поддршката за пчеларите дава резултати
Следен напис Сончево со температура до 15 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?