Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Димковски од Куманово: Поддршката за пчеларите дава резултати


Поддршката за пчеларите ќе продолжи како и досега, овозможени се услови со кои пчларите полесно доаѓаат до крајните потрошувачи, рече министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на денешното одбележување на 49 години од постоењето на здружението „Пчела“ во Куманово.

Политиките кои ги спроведува Владата, изјави министерот, се насочени кон зголемување на бројот на пчелни семејства на ниво на државата кои на годишно ниво изнесуваат 10.000, а според последните податоци на подрачјето на државата има 253.000 пчелни семејства.

Ова според Димковски е добар показател на политики кои се спроведуваат и го мотивираат пчеларите посериозно да се занимаваат со овој бизнис. Тој потсети дека претходно се зголемени субвенциите од 600 на 800 денари по пчелно семејство.

– Оваа година имаме и новитети каде што овозможивме да само со десет пчелни семејства да можат да аплицираат за субвенции, со измените што ги направивме со Законот за земјоделско земјиште, каде што пчеларите можат да користат и државно земјоделско земјиште, да изнајмат под кирија за поставување и за фацелии и би напоменал уште една работа, правилникот за флексибилност што е веќе донесен, така што се овозможени услови пчеларите во поедноставни, но сепак гарантирана здравствена исправна храна да можат да регистрираат свое одгледувалиште и свои фирми, со тоа што самото пчеларско производство, медот и другите пчелни производи ќе можат да ги пласираат на пазарите, тоа се регистрирани во маркети, во ресторани и слично, се со цел како самиот пчелар да дојде до последниот поторшувач, изјави Димковски.

Кумановските пчелари роденденот на здружението го прославуваат со едукација, информираше претседателот на здружението, Горан Митевски. Пчеларите од Куманово, додава дека се задоволни од поддршката на министерството особено од зголемување на субвенциите.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски вели Куманово е добро организирано во однос на пчеларството и дека има пчелари со успешни семејни бизниси. Општината, годинава одвоила 100.000 денари буџетски средства за здружението, а со години не изостанува поддршката за манифестацијата „Денови на медот. Тој додаде дека при посетите на збратимени градови, куманвоските пчелари соработуваат со нивни колеги и разменуваат искуства, споменувајќи ја како пример соработката со пчеларите од Кампина.

Здружението „Пчела“ опстојува континуирано од 1971 година.

Фев 15, 2020agrotim1
Сончево време со мала до умерена облачностКравјото лудило ќе доведе до трговска војна помеѓу САД и Европа?

Напишете коментар Откажи одговор

15/02/2020 АгровестиДимковски, куманово, пчела, пчелари, Траан445

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019