Козјото млеко, кое е многу слично со мајчиното млеко, е една од најздравите намирници со многу лековити својства.
Со години, покрај во исхраната, козјото млеко се користи како лек за бронхитис, сузбивање на алергии, зајакнување на имунитетот, лекување и зајакнување на белите дробови.
Козјото млеко содржи ниско ниво на алергени, тоа е одличен алкален извор, брзо се вари и целосно се апсорбира.
Придобивки од козјото млеко за здравјето на луѓето
Истражувањето спроведено од International Journal of Food Science Nutrition открило дека козјото млеко во основа има ДНК слична на ДНК структурата на мајчиното млеко. Затоа, би можело да се вклучи во формули кои можат да ја подобрат исхраната на доенчињата.
Со козјото млеко постигнати се добри резултати во лекувањето на разни нарушувања кај луѓе кои страдаат од хиперлипопротеинемија, срцеви заболувања, детска епилепсија, фиброзни цисти, заболувања на жолчното кесе и камења во жолчката.
Козјото млеко е богато со калциум и фосфор. Тие се многу важни за цврстината на коските, како и со цинк и селен, моќни антиоксиданси кои го одржуваат имунитетот на телото. Бројни научници препорачуваат козјо млеко за луѓето кои страдаат од анемија предизвикана од недостаток на железо во крвта.
Козјото млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во повисоки концентрации во споредба со кравјото млеко. Содржи околу 40% помалку цитрати во однос на кравјото млеко.
Бидејќи козите јадат кора од растенија и дрвја, нивното млеко е богато со силициум, минерал кој има позитивен ефект врз кожата, косата, ноктите и нервниот систем.
Содржи многу протеини богати со важни аминокиселини, широк спектар на витамини и нема тешко сварливи масти. Содржи помалку лактоза од кравјото млеко, па полесно го поднесуваат луѓето чувствителни на лактоза.
Кај децата кои се хранети со козјо млеко, забележан е побрз раст, поголема телесна тежина и подобра минерализација на коските во споредба со децата кои се хранат со кравјо млеко.
Сурутката, козјото сирење и јогуртот се најмоќните природни средства кои го зајакнуваат имунитетот кај децата. Тие се важни за обнова на коските, го промовираат растот на дигестивниот тракт. Овие млечни козји производи се препорачуваат во превенција и третман на заболувања на црниот дроб, остеопороза, висок холестерол и крвен притисок, воспалителни процеси и за подобрување на работата на бубрезите.
Како да се пие козјото млеко?
Можеби се прашувате како да го пиете козјо млеко, односно дали е подобро да го пиете сурово или да го варите. Млекото е најкорисно ако се пие сурово, така ги задржува сите витамини, минерали, ензими и други лесно разградливи компоненти.
Меѓутоа, се смета дека суровото млеко најдобро е да се пие само првиот, и евентуално вториот ден по молзењето на козите. Секој следен ден треба да се свари.
Ако им се дава на мали деца, се препорачува да се разреди со вода, иако мислењата се поделени.
Замрзнување на козјото млеко
Можете да го замрзнете козјото млекото во замрзнувач и така да го чувате до 6 месеци. Сепак, најдобро е ако можете да го користите во рок од еден месец по замрзнувањето. Исто така, млекото треба да се одмрзнува во фрижидер, а не на собна температура, за да се намали ризикот од развој на бактерии. Тоа е затоа што ризикот од бактериски раст во млекото е зголемен доколку се одмрзнува на собна температура.
Ако планирате да готвите со замрзнато млеко, можете да го одмрзнете директно во тенџерето или тавата додека готвите.
Замрзнато па одмрзнато млеко е најдобро за готвење, печење или правење смути, но сепак, безбедно е да се пие ако се чува и одмрзнува правилно.