Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја
Саеми и манифестации

Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја

Објавено 30/01/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„За прв пат од независноста на државата, донесовме и низа на системски и стратегиски одлуки и решенија, со коишто, конкретно се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и стратешко домашно производство на енергија, тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце, ветар и вода.

Со овие стратешки политики, овозможуваме, на долг рок, предвидливост во развојот на економијата и независност на државата кога станува збор за достапноста до храна и енергија“ порача премиерот Ковачевски, во обраќањето на годишната конференција „Година на нови можности“.

„Обновливите извори на енергија веќе се реалност во Европа, што ја следи и Република Сверена Македонија“, рече премиерот Ковачевски, кој посочи дека нашата држава ги има природните потенцијали: сонце, ветер и вода, 280 сончеви денови секоја година, што е над европскиот просек, поради што од државата почнавме да создаваме Зелен енергетски центар во Европа.

„Огромен е потенцијалот за изградба на соларни централи и општо и целосно производство на енергија од обновливи извори. Ние како Влада се насочивме и кон обезбедување домашна енергија на овој начин, при што, за само една година, во државава има изградени нови електроцентрали, со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори.

Регулаторната комисија за енергетика, минатата година издаде 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија.

Овие инвестиции имаат значителен придонес во енергетската трансформација и независност.

Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св.Петка и ветерниот парк Богданци.

Со капацитетите изградени само во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија.

За да знаеме точно и прецизно, со енергијата од обновливите извори инсталирани во 2022 година, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови oд земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св.Николе.

И тоа само за 1 година. Вака придонесуваме и кон намалување на цените на електричната енергија. Но и во отворање нови работни места за инженери и за кадри од сродни дејности и услуги; во зелен туризам; во еколошко земјоделство.

Најважно од сѐ е сепак тоа што зелената трансформација ќе овозможи на нашата држава национална енергетска независност и ќе ни даде сигурност за предвидлив развој на економијата.

Конкретно, до крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции со помош на мултилатералните финансиски институции и билатерални кредитори. Заедно со она што беше инсталирано во минатата година ќе имаме инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија еднаков на капацитетот кој денес го има РЕК Битола“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи и на системскиот пристап што го постави Владата во обезведувањето храна.

„За прв пат од независноста на државата, оваа Влада се посвети и на приоритетите во земјоделството, за да осигуриме домашно производство на храна. За таа цел донесовме Национален план за производство на храна, со којшто ги поттикнуваме земјоделците да ја употребуваат секоја педа обработливо земјиште. Ова се покажа како вистинска одлука, затоа што веќе имаме зголемени површини за производство на пченица од 15.000 хектари.

Заедно со земјоделците креиравме и нов модел за субвенционирање, со којшто, меѓу другото, ги насочуваме земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите во државата.

А во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците“, соопшти премиерот Ковачевски.

Тој укажа дека паралелно со стратешкиот пристап во земјоделството и во енергетиката, Владата презема и конкретни краткорочни мерки, за да ги заштити граѓаните и компаниите од енормните поскапувања на храна и на струја, предизвикани од светската економско-енергетска криза.

„Во рамки на заложбите за заштита на животниот стандард на граѓаните, Владата донесе и одлука за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, за да се ограничи растот на цените на храната.

Како поддршка во енергетската криза, од април ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80 проценти од реалната цена, за сите домаќинства. Да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја.

Мерката се однесува и за 72.000 микро, мали и средни компании кои вработуваат 98% од работниците во државата и кои се наоѓаат на регулираниот пазар, каде работат најголемиот дел од вработените во државата.

Донесовме и одлука според којашто и основните и средни јавни училишта, компаниите од прехранбената индустрија и јавните претпријатија од областа на водостопанството можат да склучат договор со ЕСМ- Продажба и да имаат поевтина струја.

За прв пат во 70 години ги активиравме сите расположливи национални енергетски капацитети за домашно производство на струја. Дополнително, граѓаните и стопанството можат по поволни услови и многу брзо и ефикасно да постават фотоволтаици.

Никој не очекуваше дека во најкритичниот месец јануари наместо да увезуваме, ќе извезуваме електрична енергија“, порача премиерот Ковачевски.

„Поставивме јасни економски и европски цели и во тие два правци ќе го унапредуваме развојот на државата. 2023 е година на нови можности, затоа што во 2022-та поставивме здрави основи“, оцени премиерот Ковачевски во обраќањето на Годишната конференција што се одржува во Скопје, посветена на работата на Владата во едногодишниот мандат и на новите предизвици и перспективи.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Ковачевски: Субвенциите за тутунот на историски највисоко ниво, сумата од 26 милиони евра ќе важи и наредната година
Ковачевски: Нови два откупно-дистрибутивни центри по европски стандарди во Струмица и Ресен, за сигурен пласман на земјоделските производи
Таг:ковачевски
Претходен напис Демир Капија организира натпревари за најдобри вина и ракии и најспретни закројувачи на винови лози
Следен напис Времето денеска променливо облачно со слаби врнежи од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?