Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Процедурите се олеснети, компаниите да инвестираат во фотонапонски централи за долгорочно помали сметки за струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Процедурите се олеснети, компаниите да инвестираат во фотонапонски централи за долгорочно помали сметки за струја
Агровести

Ковачевски: Процедурите се олеснети, компаниите да инвестираат во фотонапонски централи за долгорочно помали сметки за струја

Објавено 20/11/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид ја посети фабриката за производство на печурки Органска Буковка ДОО. Оваа компанија со користење на успешни владини мерки и средства од Фондот за иновации и развој успеа да развие целосно нов иновативен производ, но и да обезбеди целосно покривање со електрична енергија од фотонапонска централа инсталирана исто така со средства од ФИТР. Оваа компанија има инсталирано фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Фабриката за производство на органски печурки „Органска буковка“ ДОО која ја посетив денеска овде во Охрид е доказ за посветена тимска работа на двајца основачи кои имаат визија за остварување на зацртаните цели и доследно го спроведуваат својот бизнис план. Јас навистина сум воодушевен што оваа компанија за исклучително краток временски период одлично се позиционирала на домашниот, но и на регионалните пазари пласирајќи свежа буковка во домашните синџири на маркети, но и во трговски мрежи надвор од државата.

Исто така за поздравување е што во вистинско време донеле клучни одлуки за инсталирање на кровна фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Овде сакам да ги повикам производствените компании да инвестираат во сопствени фотонапонски централи со кои долгорочно ќе си ги намалат сметките за струја а со тоа и производствените трошоци.

Обновливите извори на енергија се нашата иднина. Ние како земја имаме ресурси, имаме сонце, вода, плодна почва. Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори.

Како Влада силно сме посветени на долгорочниот правец на државата за енергетска трансформација. Затоа и резултатите се видливи. Само во мојот мандат, во мандатот од оваа Влада имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата.

Во моментов во фаза на финализирање се неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција.

Од домашните капацитети, тука е електраната „Осломеј“. Токму со оваа инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата.

И што е уште поважно, ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Дополнително работиме и на нови, веќе е објавен и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ.

Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со турски и бугарски инвеститори со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.

Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од оваа Влада.

Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кои се потпишани договори во изминатите две години.

Најзначајниот, историски проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект.

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација со огромен потенцијал да станеме зелен енергетски центар на Европа!

Со двајцата основачи на компанијата разговаравме и за нивниот развоен бизнис план кој е навистина интересен. Со самото работење дошле на идејата  за дополнителен производ  -да се произведува чисто органска дехидрирана буковка со  иновативна технологија.

Развојот на овој нов производ е кофинансиран од средства на Фондот за иновации, што укажува на фактот дека државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој и напредок во бизнисот како што е овој.

Ги охрабрувам компаниите во земјава да го следат овој позитивен пример, и да ги следат сите економски политики и донесени мерки  од Владата.  Благодарение на   користењето на дел од тие мерки преку Министерството за економија и преку Развојната банка на Северна Македонија, како што се субвенционирање на плати, или пак бескаматни финансиски средства, оваа фабрика успеала да го задржи континуитетот  на работење, но и да се развива.

Посебно за поздравување е што еден од сопствениците господинот Игор решил да се врати од  странство во родниот  град  и со помош на сите позитивни владини мерки да покаже и докаже дека и кај нас има позитивен амбиент со квалитетно работење  да се развие добар бизнис и планира подобра иднина. Ова е реткост, и затоа, е за голем поздрав.

На менаџментот на Органска буковка и на вработените им посакувам уште многу успеси во развојот на нивната компанија и освојување на нови пазари”. 

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругарството го претвора поединечниот труд во заедничка сила за развој
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:буковкавладаковачевскимзшвфотоволтаици
Претходен напис Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Подгорка“: Успешните приказни се секогаш резултат на јасна визија и напорна работа
Следен напис Николовска: Зошто е важен влезот во Европската Унија за земјоделците, што значи тоа во пари и други придобивки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?