Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти
Агровести

Ковачевски: Очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти

Објавено 16/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со последните мерки за обезбедување евтина струја очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти до 10 проценти и да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На заедничката прес-конференција по средбата со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, тој уште еднаш подвлече дека ЕУ се покажа како партнер од доверба и ги исполни своите ветувања, а последната поддршка што ја доби земјава од Унијата е грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската и економската криза.

– Оваа поддршка доаѓа зашто ЕУ препозна дека сме одговорна Влада која одговорно менаџира со Буџетот. Токму со тој пристап изминатиот период можевме да ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме двапати антикризни мерки за заштита на најранливите категории на граѓани и за заштита на компаниите во износ од 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност за компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедиме 80 проценти субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, истакна премиерот.

Со таквото одговорно однесување, додаде Ковачевски, изминатиот период се обезбеди и зголемување на минималната лата на 18 илјади денари, зголемување на пензиите, на платите во образованието, во полицијата, здравството… – Со истиот овој одговорен пристап, но и визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостиг на енергенси. ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често пати зборувам за големите енергетски стратешки проекти кои во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство, а еден од најголемите меѓу нив доаѓа токму од Франција – АКУО, кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400 мегавати во регионот на Штип, подвлече премиерот. Тој уште еднаш нагласи дека иднината е во т.н. зелена енергија и во обезбедувањето енергетска независност. – Со правилна поддршка и правилно менаџирање јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во храм на зелена енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но да го снабдуваме регионот со струја од обновливи извори. Ова е иднината и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места и ќе ни донесат подобра заедничка иднина, рече Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:брашно млеколеб
Претходен напис Дизелот поевтинува за 3 денари, бензините за два
Следен напис Српските пекари повикани да купуваат брашно по субвенционирани цени од државните резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?