Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Листата на производи со повластена стапка е детално прегледана, и 10 отсто данок е повластена стапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Листата на производи со повластена стапка е детално прегледана, и 10 отсто данок е повластена стапка
Агровести

Ковачевски: Листата на производи со повластена стапка е детално прегледана, и 10 отсто данок е повластена стапка

Објавено 07/10/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава.  

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање по посетата на „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“, според кого,можно е таа да се разгледа но само за еден, два или три производи коишто навистина претставуваат во количини, а се користат на секојдневна основа. Тој направи и споредба на стапката на ДДВ во нашата земја со земјите во регионот, но и во ЕУ.

-ДДВ во нашата држава е најниско во однос на сите држави во регионот, меѓутоа ако го споредите и со сите држави во ЕУ, е најниско. Ние имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти,  Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата. Второ, кога ќе ја погледнеме листата на повластени производи на 5 проценти, на таа листа се 1600 производи коишто претставуваат основни прехранбени артикли во нашата држава.  И тоа е исто така најголемата листа на повластени по пет проценти даночна ставка, производи коишто се користат во нашите домаќинства и од страна на нашите граѓани. Тука спаѓаат сите основни производи коишто се користат, вели премиерот.

Според него, шпекулации се информациите дека брашното ќе се покачело од пет на 10 отсто, бидејќи основните типови коишто се користат во нашето домаќинство остануваат на пет проценти, исто како и за кашкавалот и сиорењето произведени кај нас кои се дел од основните прехранбени производи коишто се користат во секојдневното исхрана на нашите граѓани, а имаме, вели, гарантирани цени коишто исто така се останати на стапка од пет проценти. 

-Така да, она што е направено е направено на вистина на начин којшто го штити стандардот на  граѓаните, прво, второ како гарантираните цени ќе ги видите податоците за инфлацијата веќе идната недела дека сигурно ќе има намалување, со оглед на тоа дека СМ не дозволи ниту зголемување на цената на струјата, ниту зголемување на цената на парното, ниту зголемување енормно на цената на прехранбените производи со оглед на тоа дека донесовме мерки со коишто ја намаливме цената до 30, 40 проценти на основните прехранбени  производи кои се обележани со гарантирана цена, не постои никаква селективност во спроведувањето на тие мерки и  тоа сите го знаете од она што го комунцира ДПИ. И со тоа сметам дека до крајот на годината ќе дојдеме до она што го проектиравме и што го кажавме пет проценти инфлација која што ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и во Европа, вели Ковачевски.  

Според него, листата, доколку постојат некои прозиводи бидејќи се работи навистина за 1600 производи, ако има еден, два или три производи коишто навистина претставуваат во количини, нешто што се користи на секојдневна основа тогаш може да се разгледаат. 

Тука, како што наведе, не спаѓаат само производи во прехранбената индустрија, тука и производи кои се однесуваат на производство на храна. Значи вештачките ѓубрива и други семенски материјали исто така се на пет проценти повластена стапка. Земјоделска механизација исто така на 5 проценти повластена стапка. 

-Што значи ѓубривата исто така на пет проценти повластена стапка. Што значи дека имаше еден инклузивен процес на подготовка на оваа листа во која  што беа вклучени не само МФ туку и сите други министерства кои ги дадоа  своите коментари и навистина имаме држава во која што имаме најниска основна стапка на ДДВ од 18 проценти и најширока листа на производи за секојдневна употреба коишто се на повластена стапка од пет проценти. Другите производи коишто беа на пет проценти, а коишто сега се на 10 проценти, исто така се на повластена стапка. Кај нас основната стапка  е 18 проценти и тие се на повластена стапка од 10 проценти.  Значи ние не зборуваме за зголемување на стапките на ДДВ со оглед на тоа дека сите стапки за коишто зборуваме се под основната стапка од 18 проценти, вели премиерот Ковачевски.  

Оваа даночна реформа, нагласи тој, беше хармонизирана и со нашите меѓународни мултилатерални финансиски партнери меѓу ММФ и СБ итн и одобрени од сите, признаени од сите и тоа денеска дојде и како најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:данокковачевскипроизводистапка
Претходен напис Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња 
Следен напис Голем избор на храна и пијалаци на саемот „Вкуси ја традицијата“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?