Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Костените траат и по двеста години, агрономот Џелили открива како ги посадиле во Слатино, Теарце и дале род уште првата година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Костените траат и по двеста години, агрономот Џелили открива како ги посадиле во Слатино, Теарце и дале род уште првата година
Агровести

Костените траат и по двеста години, агрономот Џелили открива како ги посадиле во Слатино, Теарце и дале род уште првата година

Објавено 28/09/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агрономот Иснириза Џелили триесет години работи со земјоделски култури, ги следи сите новости во врска со неговата професија и во моментот се грижи и за нов насад со костени. Тој е Дипломиран инжинер – заштитар и со него разговаравме за новиот насад со костени. Садниците се купени од странство, насадот е посаден на површина од 1,5 хектари во село Слатино, Теарце и веќе уште првата година има род.

Идејата да се посадат овие дрва е на странски инвеститор, кој сакал да произведува костени, има веќе обезбедено откуп во странство, а ја користи земјата и климата во Македонија, каде што има идеални услови за овие дрва.

-Инвеститорот е Лирим Едeми од Швајцарија, тој сакаше да се обидеме, живее во странство и си има обезбедено откуп таму, продава на неколку места костени и со моја поддршка како агроном ги насадивме и подигнавме костените. Мојата работа е да се грижам за костените, со моето знаење и искуство, над 30 години работам во оваа област, како агроном и успеавме да го поставиме, се нафативме на оваа работа и еве веќе ги имавме и првите костени. Ги посадивме после 15 јануари годинава. Обично се потребни две до три години за да има род, но ние имавме веќе и годинава, за шест месеци откако ги посадивме. Избрав многу добра нова агротехнологија, со квалитетни странски препарати. Се покажаа доста добри препаратите и обезбедија добра заштита, вели агрономот Џелили.

Агротим: Што е најважно за костенот?

Треба да се работи најмногу на коренот да се зацврсти. Ако се развие коренот како што треба, бидејќи колку е подобро развиен коренот, толку повеќе ќе црпи храна и ќе се развива, понатаму другото е полесно. На секои две три недели правев контрола и додавав тоа што е потребно, вели Џелили и додава дека сè што е потребно од агротехника, го одбрал најдоброто и не згрешил во изборот. Потребен е и систем капка по капка, мора да има наводнување, ние тоа го поставивме веднаш и на одредено време мора да се навадат.

Агротим: Колку луѓе се потребни?

-Покрај инвеститорот кој го користеше моето знаење и искуство ни помогаше уште еден човек технолог инжинер, Агрон Џемалиу, ние тројца и за садењето користевме уште четири работници.

Агротим: Дали е тешко одгледувањето на костени?

-Според искуството не е многу лесно, има многу вложувања. Не се некои кој знае какви вложувања, но сепак првите две години треба да се работи повеќе на коренот. Особено првата година. Потребни се добри препарати, применив нова технологија и сите препрати се од странство. Се покажаа и како квалитетни. Досега сè е успешно. Треба да пораснат и да се заслилат, а понатаму цел живот можете да берете од нив и вашите поколенија. Досега се многу добро развиени, иако имавме многу топла година, каква што не се памети досега, но ставивме добри средства, и за прскање и за коренот, кои многу помогнаа од заштитата од сонце, така што издржаа.

Агротим: Кои услови се потребни за костенот?

-Сакаат отворено место, да има сонце, но како прво да се постави, вода – систем за наводнување, тоа е важен предуслов. По садењето треба да се работи околу коренот, потоа да се штити листот од болести или инсекти, треба да се интервенира. Тие не бараат некои посебни услови, немаат многу прскања, но во првите две години бараат внимание. Издржуваат и зимски услови, но ќе видиме сега првата година како ќе издрат. Во нашето село има веќе диви костени, така што имаме основни услови за овие дрва, почвата ни е кисела и слабо кисела, што е добар услов за костенот. Поставивме и систем капка по капка за да бидат наводнувани. Потребни се поголеми ангажмани само во првите две години, кога треба да се работи и да се засили коренот, потоа што се вели, тие се веќе возрасни дрвја.

Агротим: Колку години трае овој насад?

-Тоа е од господ, но може да трае и до 200 години, со генерации и генерации. Имаат криза додека растат, а потоа кога ќе пораснат веќе немаат проблем. Ја избрав најотпорната сорта што ја има на пазарот во Европа, марони. Во Европа најотпорна е таа, марони, имаме одлични климатски услови и систем за наводнување, па се надеваме дека ќе ги имаме долги години.

Анета Тасова – Агротим

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијакостенкостенинаводнувањенасадродсадењесубвенциишвајцарија
Претходен напис Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
Следен напис Првото јаболко традиционално набрано од првиот човек на МЗШВ: Oткупот може да започне, цената е дефинирана
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?