Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Агровести

Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија

Објавено 02/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.

Повеќе од 50 проценти од територијата на европскиот континент била изложена на силен топлотен бран што надминал 38 степени, објави Гардијан.

Извештајот на Коперникус  покажа дека најмалку 60 проценти од Западна Европа летово цели 17 дена имала температури над 30 степени.

Европа уште од крајот на мај имаше невообичаено ран почеток на летното време, а високи температури беа забележани дури и во текот на септември.

Топлинските бранови убија десетици илјади луѓе низ целиот континент, а ги уништија и посевите.

Климатологот Саманта Бургес изјави дека топлината влијаела на достапноста на вода, енергетските системи, транспортот, екосистемите и здравјето на луѓето.

Температурите на површината на морето во Европа ова лето, исто така, соборија рекорди, додека реките на континентот ги забележаа своите најниски летни нивоа на вода во последните три децении, покажува извештајот.

Топлото време и широко распространетата суша придонесоа за пожарите што беснеат надвор од контрола.

Ова се случува во време кога сè помоќниот Ел Нињо со невидена сила ги зголемува глобалните температури и ги интензивира екстремните временски настани од Јужна Америка до Австралија.

Се очекува овој природен модел на затоплување на морето, кој ги собори температурните рекорди, да предизвика речиси половина милион дополнителни смртни случаи поврзани со топлината до февруари следната година.

МИА

Може да ви се допадне

Забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“
Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
ФАО: Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред
Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Конкурси за најголема калинка и за најдобар рецепт од калинки во пресрет на вториот „Фестивал на калинката” во Валандово
Таг:Коперникуснад просекотТемпературите
Претходен напис Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
Следен напис Агротим ја започнува приказната за „Агротим Клуб“ – прв голем партнер е Нептун!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?