Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КОП26: Ограничување на температурата и намалување на емисиите на јаглерод диоксид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КОП26: Ограничување на температурата и намалување на емисиите на јаглерод диоксид
Агровести

КОП26: Ограничување на температурата и намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Објавено 11/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Посиромашните, климатски чувствителни земји, побараа загревањето да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, бидејќи растот на температурата, наведуваат научниците, е многу блиску до катастрофа.

Следните денови на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП26, што се одржува во Глазгов, ќе се дебатира за нацрт-договорот со која се повикуваат земјите да ги зајакнат своите национални климатски планови до крајот на 2022 година.

Во првиот нацрт од „одлуката за КОП26″ од државите се бара „да ги разгледаат и зајакнат целите за 2030 година во нивните национално утврдени придонеси, колку што е потребно за да се усогласат со температурната цел од Парискиот договор до крајот на 2022 година”.

Посиромашните, климатски чувствителни земји, побараа загревањето да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, бидејќи растот на температурата, наведуваат научниците, е многу блиску до катастрофа.

Притисокот за поредовни ревизии на климатските планови се смета за неопходен, бидејќи актуелните ветувања на земјите до 2030 година ќе предизвикаат загревање од 2,4 степени Целзиусови.

Нацртот, објавен од ОН, исто така ги повика земјите да „го забрзаат постепено укинување на субвенциите за јаглен и фосилни горива”, како што бараа поддржувачите на климатските промени, а развиените земји се „поканети” на итно зголемување на финансиските средства за поддршка на земјите во развој да одговорат на нивните потреби за прилагодување на влијанијата од климатските промени.

Со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид Коалиција од 19 држави денеска се договорија за создавање на зелени бродски рути помеѓу пристаништата со цел да ја забрзаат декарбонизацијата на поморската индустрија.

Поморскиот транспорт, кој сочинува околу 90 отсто од светската трговија, е одговорен за речиси три проценти од емисиите на јаглерод диоксид во светот.

Меѓународната поморска агенција на Обединетите нации (ИМО) сака да ги намали вкупните емисии на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина од бродовите за 50 отсто до 2050 година, во споредба со 2008 година. Целта не е во согласност со Парискиот договор од 2015 година, па затоа секторот е под притисок да биде поамбициозен.

Потписниците на така наречената „Декларација Клајдбанк”, усвоена на Самитот за климатски промени КОП26 во Глазгов, се согласија да воспостават најмалку шест зелени коридори до 2025 година. Затоа, ќе биде неопходно да се создадат резерви на гориво што не испуштаат гасови со ефект на стаклена градина, потребна инфраструктура за декарбонизација и регулаторна рамка.

– Нашата цел е до 2030 година да видиме уште коридори, се наведува во Декларацијата што ја потпишаа Австралија, Белгија, Канада, Чиле, Костарика, Данска, Фиџи, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Маршалови Острови, Мароко, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Обединетото Кралство и САД.

На Конференцијата на ОН за климата во Глазгов Кина и САД ветија дека ќе ја интензивираат соработката за ограничување на климатските промени.

Кинескиот претставник за климата, Сие Женхуа изјави дека Кина и САД, двата најголеми емитери на јаглерод, ќе ги соопштат своите намери во заедничка изјава заснована на насоките од Парискиот договор за климатски промени.

– Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу сегашните напори и Парискиот договор. Така заедно ќе ја зајакнеме акцијата и соработката за климата, истовремено почитувајќи ги нашите индивидуални национални ситуации, посочи Сие.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:температура
Претходен напис Финските научници смислиле како да одгледуваат кафе во лабораторија
Следен напис (Фото) Фарма со илјада овци предводена од борбената женска рака на Теодора Валова
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?