Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конститутивна седница на Бизнис клуб Европа во Стопанската комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конститутивна седница на Бизнис клуб Европа во Стопанската комора
Агровести

Конститутивна седница на Бизнис клуб Европа во Стопанската комора

Објавено 19/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Стопанската комора на Северна Македонија на 18 декември 2025 година се одржа конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, новоформирано советодавно тело за прашања од значење за бизнис-заедницата кои имаат директно влијание врз стратешката цел на државата – интеграција во Европската унија и напредување во процесот на пристапните преговори.

Бизнис клуб Европа е формиран на иницијатива на претседателот на Комората, Бранко Азески,  со цел да обезбеди структурирана платформа за дијалог и координација помеѓу бизнис-заедницата, академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји.

Главниот фокус на делувањето на Клубот е насочен кон прашања поврзани со Европската унија, интеграцијата на македонското стопанство во европските процеси, ЕУ-дипломатијата и градењето политики кон ЕУ од перспектива на бизнис-заедницата. Клубот ќе функционира и како ефикасен инструмент за обезбедување повратни информации од деловната заедница до Европската комисија, а ќе функционира и како проектна активност во рамки на Enterprise Europe Network.

„Формирањето на Бизнис клуб Европа претставува јасна определба на Стопанската комора активно и аргументирано да го вклучи македонското стопанство во процесот на европска интеграција. Нашата цел е бизнис-заедницата да има силен, координиран и препознатлив глас во креирањето на националните позиции во пристапните преговори и во комуникацијата со институциите на Европската унија. Во исто време, во рамки на своите активности, Бизнис клуб Европа ќе организира тркалезни маси, дебатни форуми, информативни, промотивни и настани за вмрежување, со цел промоција на процесот на пристапување во ЕУ и зајакнување на улогата на бизнисот во тој процес“, изјави претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Бизнис клуб Европа брои 17 членови – истакнати претставници од македонското стопанство, научната фела и експерти во областа на евроинтеграциите.

Преку своето делување, Клубот ќе придонесува кон следење на текот на пристапните преговори, подготовка на мислења, насоки и позициски документи, застапување на интересите на бизнис-заедницата пред институциите на Европската унија, како и унапредување на јавната и медиумската видливост на европската агенда во стопанството. На конститутивната седница, за претседател на Бизнис клубот Европа беше избран Глигор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница.

Со формирањето и одржувањето на конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, Стопанската комора на Северна Македонија ја зацврстува својата улога како активен и релевантен партнер во процесот на европска интеграција и како глас на македонското стопанство на европско ниво.

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг во првиот квартал е 58,9 проценти од БДП, тоа е суштинската разлика во начинот на кој ние ги водиме јавните финансии
ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Таг:Бизнис клуб ЕвропаконситутивнаСтопанска комора
Претходен напис Едалински: Со посредство на ЕЕAA – European Economic Alliance for cooperation with Asia, поголем интерес на кинеските компании за инвестиции во регионот
Следен напис МЖСПП: Надминат прагот на ПМ10 честички на повеќе мерни места во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?