Како претставник и оснивач од Р.С.Македонија
и член на управниот одбор на меѓународната организација ЕЕAA – European Economic Alliance for cooperation with Asia (Eвропска Економска Алијанса за соработка со Aзија), а со функција Потпретседател за Странски инвестиции, Агробизнис и Туризам, истата неодамна ја организираше и реализира посетата во Народна Република Кина
за делегација oд Р. Србија
, која всушност беше возвратна посета на претходно успешно остварената посета на делегација од владата на Шангај. Оваа посета беше со примарна мисија на збратимување на Општина Врњачка Бања со Владата на Шангај
, но и вмрежување со релевантните институции и компании за иницирање на конкретни проекти кои ќе придонесат развој на туризмот и агробизнисот.
● Одржани се и низа на други конструктивни состаноци со претставници и од други области (туристички организации, стопански комори и компании, медицински инжинеринг, технолошки иновации, VR и светлосни апликации и декорации, спортски медиуми и др.) кои резултираа со конкретни договори за отварање на нови перспективи за земјите во регионот.
● Со посредство и активно учество на ЕЕАА, големи се и можностите за привлекување на инвестиции кои само ќе ги засилат интересите на кинеските компании да инвестираат и пошироко во регионот.
● Приоритет на ЕЕАА во 2026 г. ќе биде креирање на аранжмани за туристички пакети за балкански рути во кои се предвидени и посети на дестинации и во Р.С. Македонија при што се спомена активност за надминувањето на визниот режим кој во моментов е сериозна пречка за наплив на голем број на веќе заинтересирани кинески туристи.
● Оваа посета е само почеток на размена на искуства и добра основа за ЕЕАА за партнерство и долгогодишна успешна соработка од заеднички интетрес во иднина за сите засегнати страни.
Фејсбук статус на Златко Еделински
