Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Консолидација на земјиште и земјишно банкарство во фокусот на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Консолидација на земјиште и земјишно банкарство во фокусот на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ
Агровести

Консолидација на земјиште и земјишно банкарство во фокусот на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ

Објавено 25/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Споделување регионални искуства и најдобри практики за консолидација на земјиште, земјишно банкарство и справување со напуштањето на земјоделското земјиште, ќе бидат темите на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што почнува денеска и ќе се одржува до 27 мај во Скопје. Како што најавува Канцеларијата на ФАО во Скопје, повеќе од 180 професионалци од областа на управување со земјиште од околу 40 земји, главно од Европа и Централна Азија, ќе присуствуваат на настанот за да дискутираат за инструментите за земјишно банкарство и нивната примена во регионот, со преглед на неодамна објавената студија на ФАО „Европски добри практики за земјишно банкарство“. Претставници од Данска, Латвија и Словенија ќе споделат добри практики и искуства од нивните држави во оваа област. Научените лекции од воведувањето на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија е уште една клучна тема на настанот.

Претставници од МЗШВ, Делегацијата на Европската Унија и ФАО ќе ги претстават националните приоритети на земјишната политика, поддршката на ЕУ и ФАО за земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија и досегашните успеси во консолидацијата на земјиштето во рамките на проектот МАИНЛАНД финансиран од ЕУ и кофинансиран од ФАО. Во рамки на настанот, ФАО ќе ја промовира новата иницијатива за воведување образовни програми за консолидација на земјиште во соработка со универзитетите од регионот, вклучително и со Градежниот факултет во Скопје. Учесниците на ЛЕНДНЕТ ќе разговараат и за напуштањето на руралните средини и земјоделското земјиште во земјава и регионот, но и за тоа како земјоделските политики можат да помогнат во адресирање на овие трендови.

На отворањето на работилницата денеска ќе се обратат Набил Ганги од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, шефот за соработка во Делегација на ЕУ Штефен Худолин, деканот на Градежен факултет Златко Србиноски и претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според Канцеларијата на ФАО, потврдено е присуство на учесници од Австрија, Албанија, Антигва и Барбуда, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грузија, Данска, Демократска Република Конго, Египет, Естонија, Етиопија, Ерменија, Италија, Казахстан, Киргистан, Косово, Латвија, Лесото, Литванија, Молдавија, Нигерија, Обединетото Кралство, Романија, Северна Македонија, Србија, Словенија, Таџикистан, Турција, Унгарија, Украина, Узбекистан, Финска, Франција, Холандија, Црна Гора и Шпанија. За утре е предвидена теренска посета на консолидационото подрачје во селото Егри,Општина Битола. Работилницата, што ќе се одржи во хибриден формат, ја организира ФАО заедно со Градежниот факултет од Скопје во партнерство со Министерството за земјоделство и Делегацијата на ЕУ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:консолидација
Претходен напис Денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер
Следен напис Уште само 5 дена за пријавување за субвенции за 2022
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?