Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конференција: Ако сакаме да ги привлечеме љубителите на вино, мора да ги почитуваме стандардите за квалитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конференција: Ако сакаме да ги привлечеме љубителите на вино, мора да ги почитуваме стандардите за квалитет
Агровести

Конференција: Ако сакаме да ги привлечеме љубителите на вино, мора да ги почитуваме стандардите за квалитет

Објавено 28/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да купуваат домашните и странските туристи вино директно од „куќен праг“, производителите и туристичко-угостителските работници мора строго да ги почитуваат стандардите за квалитет, беше речено на денешната конференција во Кавадарци.

Како што истакнаа учесниците, ознаките за квалитет се многу важни.

-За да дојдат туристи и да купуваат македонско вино од домашниот праг на производителот, мора сите винари и туристичко-угостителски работници строго да ги почитуваат стандардите за квалитет. Само на тој начин ќе успеат да привлечат гости, но не такви што дошле инцидентно, случајно, туку да се развие  вистинска туристичка дестинација во светски рамки, истакна директорката на Фондацијата „Тиквешки вински пат”, Виолета Јанкова.

Таа апелираше винарите да не се чувствуваат загрозени од домашната конкуренција, туку напротив, да соработуваат со цел македонскиот вински бренд што е можно повеќе да се промовира.

– Услови имаме, прекрасна природа. Виното ни е преквалитетно, го бендисуваат странски гости од секаде. Потребно е само сите да се придржуваат кон потребните стандарди, децидна беше Јанкова.

Конференцијата е дел од проектот „Земја на виното” за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Носител на проектот од македонска страна, вреден над 500.000 евра, е Фондацијата „Тиквешки вински пат”, а реализацијата е во соработка со Општина Росоман. Во рамки на соработката, неодамна беше презентиран и Центарот за промоција на туризмот во Росоман.

Претставници од грчката страна се вклучија преку интернет врска и изразија задоволство од соработката.

На конференцијата зборуваа Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија,  Елена Младеновска Јеленковиќ, директор на М6 и „Вината на Македонија” и професорот Климент Наумов од Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Како претставник на општина Росоман се обрати Ѓорѓи Крстевски, а зборуваше и Ивица Милевски, професор на ПМФ Скопје. На настанот присуствуваа претставници на големи, средни и мали семејни винарии, како и на туристичко-угостителски субјекти.

Беа најавени и други активности за развој на винскиот туризам. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виноквалитетконференција
Претходен напис Николовски во посета на уште една успешна ИПАРД инвестиција, компанијата за преработка на свежа и разладена риба и складирање на овошје „Метро“
Следен напис Јапонски искуства за заштитата на Охридското Езеро и негова туристичка промоција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?