Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела држава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела држава
Агровести

Комплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела држава

Објавено 10/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комплетирани се дигиталните катастарски планови во државава откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS). 

Агенцијата за катастар на недвижности информира дека со оваа платформа се врши размена и дистрибуција на податоци и таа овозможува целосна покриеност на територијата на државата со основни сетови на дигитални просторни податоци. Исто така, посочува АКН, таа овозможува и дополнителен развој на политики за стратегијата за Национална инфраструктура на просторни податоци и ќе помогне при исполнувањето на условите и критериумите на директивата ИНСПИРЕ на Европската Унија.

-Дигитализацијата на катастарските планови претставуваше процес на усогласување на графичката со алфа-нумеричката база на податоци и прочистување на техничките грешки кои се резултат од одржување на катастарот на недвижности во две засебни бази на податоци, наведува АКН во објава на својата веб страница.

Крајната цел на проектот за дигитализација беше интеграцијата на графичката база на податоци на дигиталните катастарски планови, со алфа-нумеричката база на податоци во една единствена централизирана база на податоци и тоа за сите катастарски општини на територија на државата.

-Како завршница на овој долготраен и комплициран процес на дигитализација на катастарските планови на територијата на целата држава, на 16.4.2024 година во централната база на податоци се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. Сега и од оваа катастарска општина ќе може да се обезбедат податоците, како што се извод од катастарски план и имотен лист, преку веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности, во делот на ОССП дистрибутивниот геопортал, наведува Катастарот во објава на својата веб страница.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дигиталнитекатастарски плановиКомплетираниКомплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела државатериторија
Претходен напис АФПЗРР: Започнува периодот за аплицирање за дополнителните плаќања за предадени јаболка кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети
Следен напис Променливо време со дожд и во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?