Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компанијата „Ларс“ од Штип – дел од проектот Договорно производство: Европски и светски тренд е органската храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Компанијата „Ларс“ од Штип – дел од проектот Договорно производство: Европски и светски тренд е органската храна
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Компанијата „Ларс“ од Штип – дел од проектот Договорно производство: Европски и светски тренд е органската храна

Објавено 07/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот „Договорно производство на органска пиперка“ во организација на Агротим, втора година по ред ги здружува земјоделските производители и преработувачки капацитети во намерата што повеќе да се развие органското производство во нашата земја.

Една од компаниите кои годинава се вклучија во проектот сакајќи да помогнат во развојот на Договорното производство беше и Компанијата за конзервирање овошје и зеленчук „Ларс“ од Штип.

-Точно така, сакајќи да помогнеме на земјоделските производители да имаат сигурен пласман, а исто така и ние домашна суровина, годинава бевме дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“. Нашето поднебје има услови за поголем развој на органските земјоделски култури, а исто така и европски и светски тренд е органската храна. Има побарување од страна на нашите странски партнери и тука може да се разговара за сериозна соработка – вели Дарко Нашков, извршен менаџер на компанијата „Ларс“.

Ларс е компанија за конзервирање овошје и зеленчук. Основана во 1990 година во Штип, оваа компанија има тридецениско богато искуство и проверен квалитет. Уште од самиот почеток, Ларс е извозно ориентирана компанија, така што денес своите производи успешно ги пласира на пазарите на различни континенти: Австралија, САД, Канада, Шведска, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Словенија, и други земји.

Најголем дел од нашето производство од околу 2,5 милиони тегли ајвар годишно е наменето за извоз. Нашите традиционални партнери од надвор ни бараат квалитетни производи, деликатеси каков што впрочем е и ајварот, при што условот е тие да бидат висококвалитетни, без додатоци и конзерванси. Ние решивме тоа да им го понудиме со ајварот „Перустија“. Побарувачката од година во година расте. Нашата цел е да не ги запоставиме ни домашните потрошувачи поради што од оваа година сме присутни во речиси сите поголеми трговски синџири во земјава. Особено е радува фактот дека сите што првпат го пробале ајварот „Перустија“ повторно му се враќаат.

Годинава откупивме 30 000 килограми органска пиперка која беше прва година во преод и помала количина, 7000 килограми модар патлиџан. За жал земјоделците ни се пожалија на лоши временски услови кои значително влијаеа на квалитетот на пиперката, па немаше многу во прва класа. Сепак нашиот договор си го исполнивме и се надеваме дека следната година со поголемо искуство од страна на земјоделските производители и повеќе среќа со времето ќе има повеќе род и со подобар квалитет – изјави Нешков и порача дека е важно преработувачите да ги искористат предностите кои ги нуди нашето поднабје.

-Мислам дека е неопходно сите производители од оваа индустрија да го искористиме имиџот кој што го има Македонија како земја на квалитетна, природна, под сонце одгледана храна… Овие адути искомбинирани со посилен маркетинг и препознатлив брендинг би требало да ги насочиме кон поголем извоз со повисока додена вредност – вели Нешков.

Проектот „Договорно производство на органска пиперка и други земјоделски култури“ и оваа година се реализираше со поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е 

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Пиперки полнети со урда
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
Таг:мзшвпиперкисубвенции
Претходен напис (ФОТО) Македонски и бугарски бизнисмени на форум во Скопје: „До една милијарда и понатаму“
Следен напис Денеска ќе имаме променливо и облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?