Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Македонски и бугарски бизнисмени на форум во Скопје: „До една милијарда и понатаму“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Македонски и бугарски бизнисмени на форум во Скопје: „До една милијарда и понатаму“
Агровести

(ФОТО) Македонски и бугарски бизнисмени на форум во Скопје: „До една милијарда и понатаму“

Објавено 07/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска се одржа македонско-бугарски бизнис форум што го отворија министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за надворешни работи Николај Милков.

На форумот бизнисмените побараа полесен проток на граничните премини и конечно завршување на Коридорот 8, политиката да работи на меѓусебната почит меѓу државите, а бизнисот да го најде патот за подобра меѓусебна соработка.

Посебен интерес се изрази и за активностите за пругата кон Бугарија.  На проектот почнат пред 28 години, од македонска страна пред еден месец повторно стартуваа градежните работи на првите две делници, а за третата се подготвува тендерската документација.

Заложбите и на македонската и бугарската страна се да ги завршат планираните работи во својот дел до крајот на 2027 година, а железничкиот дел од Коридорот 8 кон Албанија да се заврши до крајот на декадава.

Македонски и бугарски компании денеска потпишаа и четири договори за меѓусебна соработка, три од областа на винската индустрија и еден во делот на обезбедувањето и безбедноста.

На форумот активно учествуваа над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Денешниот бизнис форум се организира под покровителство на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија со цел стабилизација и создавање на нови бизнис контакти и можности на пазарот на двете држави.

Во текот на последните две години трговската размена меѓу Северна Македонија и Бугарија е зголемена. Во првите три квартали од годинава се бележи раст од над 50 проценти, а до крајот на годинава се очекува да се надмине прагот од една милијарда евра.

Може да ви се допадне

Проданоски: По седум дена непрекината борба пожарот во Мариово е ИЗГАСНАТ
МЗШВ: Mерките кои се спроведуваат за сузбивање на сипаниците кај овците и козите даваат резултат, бројот на жариштата е намален од 30 на 11
НЗМ: Oткупни цени за килограм винско грозје за тековната 2026 год сезона во регионот
Ново зголемување за пензионерите од септември
Сипаниците кај овците предизвикуваат катастрофа во сточарството – Угинаа над 10 илјади овци, сточарите бараат итна вакцинација
Таг:biznis forum
Претходен напис Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари
Следен напис Компанијата „Ларс“ од Штип – дел од проектот Договорно производство: Европски и светски тренд е органската храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?