Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компанијата „Ламборџини“ секоја година произведува 430 килограми мед, но не го продава, туку им го подарува на своите вработени за Божиќ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Компанијата „Ламборџини“ секоја година произведува 430 килограми мед, но не го продава, туку им го подарува на своите вработени за Божиќ
Магазин

Компанијата „Ламборџини“ секоја година произведува 430 килограми мед, но не го продава, туку им го подарува на своите вработени за Божиќ

Објавено 10/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Lamborghini
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата „Ламборџини“ е најпозната по своите луксузни автомобили, а помалку е познато дека произведуваат мед, но не го продаваат.

Во своето соопштение за медиумите во кое зборуваат за се што прават за да го направат бизнисот поодржлив, италијанскиот производител се пофали со пчеларникот и производството на мед. Уште во 2016 година, тие поставиле пчеларник со 600.000 пчели во паркот Ламборџини. Секоја година произведуваат 430 килограми мед, кој им го подаруваат на своите вработени за Божиќ.

Како дел од својот одржлив бизнис, овој бренд инсталирал фотоволтаична централа во Санта Агата Болоњезе, најголемата во италијанскиот регион Емилија Ромања. Со нејзина употреба, од 2010 година, тие заштедиле повеќе од 2.000 тони CO2.

Пчелните кошници на производителите на автомобили

Кога станува збор за пчеларството, „Ламборџини“ не е единствениот во групацијата „Фолксваген“. „Порше“ имаше пчеларник со приближно 1,5 милиони пчели. Во првата година произвеле околу 400 кг мед наречен Turbienchen honey, кој беше распродаден за неколку дена. Тоа ги натерало да се прошират на три милиони пчели и сега произведуваат околу 1.000 кг секоја година.

„Бентли“, кој е исто така дел од групацијата „Фолксваген“, произведува мед во Обединетото Кралство.

„Ролс-Ројс“ има 300.000 пчели. Од компанијата истакнуваат дека нивните пчели создаваат мед кој го опишуваат како „Ролс-Ројс од мед“. Сепак, нивните количини се значително помали од оние што ги произведува „Порше“.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Ламборџинимедролс ројсФолксваген
Претходен напис Уште што треба да се направи на нивите во октомври
Следен напис Нивото и температурата на природните езера во рамки на просекот за октомври
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?