Шведска, Австралија, Германија, УСА, Англија се само дел од државите каде што завршуваат преработките на „Бага Фоод“ Битола.

Како преработувачка компанија нивните инвестиции се прифатливи за ко – финансирање преку Мерка 3 од ИПАРД програмата.
Искористувањето на оваа можност финансиски им помогнала за целосна промена на подната површина на производствената хала како и набавка на систем за етикетирање, хоризонтален метален детектор и произведувач на пареа.

Инвестицијата е ко – финансирана од ИПАРД програмата со 50% или вкупна сума од 3 милиони денари.
Поддршката за преработувачките капацитети е важна за земјоделскиот сектор со голем придонес кон извозниот потенцијал на македонските земјоделски производи.

Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Платежна агенција.