Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.
Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.
Еве кои услови треба да ги исполнат фармерите за да можат да продаваат од куќен праг:
Колење на живина и зајци на фарма
Kолење на живина и зајци на фарма за директно снабдување на мали количини месо од страна на производител до краен потрошувач се врши на живина и зајци од сопствено одгледувалиште. Одгледувалиштето треба да е регистрирано од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно Законот за идентификација и регистрација на животните.
Бројот на живина и зајци кои може да се заколат на фарма за директно снабдување на крајниот потрошувач изнесува:
- Живина
а) кокошки и бројлери – 50 животни неделно; и
б) мисирки и гуски – 20 животни неделно. - Зајци – 20 животни неделно.
ДОБИЕНОТО МЕСО ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВИ НА КРАЈНИОТ ПОТРОШУВАЧ ВО РОК ОД 24 ЧАСА.
Сопственикот на животните 48 часа пред колењето го известува овластениот ветеринар во ветеринарното друштво со кое има договор со цел вршење на ветеринарен преглед на месото.
Просторијата за колење на живина и зајци на фарма треба да биде регистрирана од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и да ги исполнува следните услови:
- е лоцирана на самото одгледувалиште или во негова непосредна близина и ги исполнуваат барањата утврдени во Правилникот за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна;
- обезбедена е топла вода и опрема за дезинфекција на приборот со топла вода со температура не пониска од 82⁰C;
- водата која се користи при колењето и за перење и дезинфекција на опремата која доаѓа во контакт со месото треба да ги задоволува барањата на водата за пиење утврдени во Правилникот за безбедност на водата;
- oбезбедена е опремата за миење раце која ја користат лицата ангажирани при колењето и ракувањето со месото;
- гардероба и санитарен чвор за вработените може да се лоцирани во непосредна близина;
- обезбеден е простор за опрема и средства за чистење и дезинфекција;
- добиеното месо треба да се складишти под термички режим, доколку веднаш по колењето не се доставува до крајниот потрошувач.
Мобилни кланици подлежат на одобрување од Агенцијата и вршат активности за:
- колење на животните на одгледувалишта на животни за домашна употреба;
- колење на животните на одгледувалишта на животни за директно снабдување на крајниот потрошувач;
- колење на животните на одгледувалишта на животни за снабдување на крајниот потрошувач на лице место во самата фарма и за сопствена локална туристичка понуда;
- колење на животни како локализирана активност на производство и ставањето во промет на месо од страна на операторите со храна од мал обем;
- прифаќање и обработка на одстрелан дивеч.
Колење на животни на фарма за снабдување на крајниот потрошувач на самото место во фармата и за сопствена локална туристичка понуда
Одгледувалиштето треба да е регистрирано од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно Законот за идентификација и регистрација на животните.
Во работењето операторот со храна треба да се придржува кон правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса.
Еден вработен може да ги врши и сите операции на колење и обработка на трупот со преземање на соодветни хигиенски мерки да се оневозможи контаминација на месото.
Услови кои треба да ги исполни објектот:
- Потребна е просторија со временско одделување на следните активности:
а) зашеметување и искрварување;
б) евисцерација и понатамошни постапки;
в) празнење и чистење на желудци и црева; и
г) подготовка и чистење на останатиот ситнеж, особено ракувањето со глави од кои е симната кожата, ако тоа не се одвива на линијата на колење. - опрема за дезинфекција на приборот со топла вода со температура не пониска од 82⁰C;
- инсталации кои онeвозможуваат контакт помеѓу месото и подовите, ѕидовите и фиксната опрема;
- водата која се користи при колењето и за перење и дезинфекција на опремата која доаѓа во контакт со месото треба да ги задоволува барањата на водата за пиење утврдени во Правилникот за безбедност на водата;
- опрема за миење раце која ја користи персоналот кој е ангажиран во ракувањето со непакувано месо треба да има славини дизајнирани на начин да спречат ширење на контаминација;
- соодветна опрема која овозможува безбедно отстранување на лице место на специфично ризичниот материјал и нуспроизводите од животинско потекло и одделни безбедни простори за собирање и привремено складирање на специфично ризичен материјал и нуспроизводи од животинско потекло;
- простор под термички режим за добиеното месо и внатрешните органи, да се оладат на температура од 7⁰C, односно 4⁰C за месо од живина и 3⁰C за внатрешните органи, освен ако не се превземе од крајниот потрошувач во рок од 2 часа;
- гардероба и санитарен јазол за вработените може да се лоцирани во непосредна близина;
- простор за опрема и средства за чистење и дезинфекција.
МЕСОТО СЕ ПЛАСИРА НА ПАЗАРОТ ЕДИНСТВЕНО КАКО СВЕЖО РАЗЛАДЕНО МЕСО.
Бројот на животни кои можат да бидат заклани се:
- живина:
– кокошки, бројлери – 50 животни/неделно
– мисирки, гуски – 20 животни/неделно
– ситна живина – 150 животни/неделно - фармски одгледуван дивеч – 20 животни/неделно
– крупен копнен дивеч (диви свињи и преживари) – 5 животни/неделно
– ситен копнен дивеч (зајаци) – 20 животни/неделно
– ситна перната живина – 20 животни/неделно
– ноеви – 5 животни/неделно - зајаци – 20 животни/неделно
- говеда – 4 животни/неделно, телиња до 6 месеци – 5 животни/неделно
- свињи (гоеници) – 6 животни/неделно, прасиња до 20 кг – 10 животни/неделно
- овци/кози – 5 животни/неделно, јагниња и јариња – 10 животни/неделно
Потребна документација за регистрација на операторите со храна од животинско потекло
- Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потеклоод животинско потекло;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
- Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
- Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
- Листа на моментални животни од видот говеда;
- Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
- Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
- Потврда за соодветно уплатени административни такси.
Потребна документација за одобрување на операторите со храна од животинско потекло
- Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
- Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
- Техничко технолошки елаборат;
- Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.
Напишете коментар