Главната состојка на медот е шеќерот (околу 76%), вода (околу 18%) и други (околу 6%). Основната карактеристика на медот ја дава шеќерот, а другите делови кои се наоѓаат во медот во помали количини се пресудни за разликата помеѓу различните видови мед (боја, арома, вкус).
Медот од багрем е исклучително светол, со пријатен мирис и благ вкус. Тој е еден од најценетите видови мед. Помага при несоница, го смирува претерано иритираниот нервен систем и ги елиминира последиците од насобраниот стрес. Останува во течна состојба со месеци. Медот од багрем е добар за смирување, вртоглавица, несоница и слични пореметувања. Се препорачува да се консумира со чај од камилица бидејќи го подобрува ефектот на медот и чајот. Се препорачува да се консумира навечер пред спиење.
Медот од костен има темна, препознатлива арома и изразено горчлив вкус. Поволно делува на целиот дигестивен систем. Се препорачува да се консумира за лекување на органите за варење. Има извонреден ефект во закрепнувањето кај жолтицата, по операција на жолчните канали и слично.
Медот од липа е бистар, речиси проѕирен, со пријатен мирис и благ вкус. Носи ослеснување кај настинките, воспаление на респираторните и дигестивните органи и некои бубрежни заболувања. Тој е од огромно значење за исфрлање на штетните материи од телото бидејќи го забрзува метаболизмот. Медот од липа ги смирува грчевите, се користи против бубрежни заболувања. Но, треба да се напомене дека не треба да се дава на луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести, истото важи и за чајот од липа.
Медот од жалфија се користи против настинки бидејќи го олеснува исфрлањето на слузта од душникот и бронхиите, како и од желудникот и хранопроводникот. Така пациентот се чувствува подобро и апетитот му се враќа. Чајот со мед од жалфија не треба да се пие топол, туку млак. Шумскиот мед е многу темен, со препознатлив мирис и вкус. Нагласеното богатство на минерални материи (железо) го подига нивото на хемоглобинот во крвта, ја зголемува јачината на срцето и издржливоста на крвните садови, како и отпорноста на имунолошкиот систем. Се препорачува за деца, трудници и постари лица.
Шумски мед – шумскиот мед се нарекува и медоносен мед. Го разликуваме шумскиот мед од листопадниот и иглолисниот.
Ливадскиот мед е богатство од цветна ливада собран со стрпливоста на пчелите. Со моќта на различни состојки, благотворно делува на децата во развој, постарите лица, како и на сите оние на кои им е потребно закрепнување и дополнителна енергија. Се препорачува секојдневна употреба. Ливадскиот мед е мед од разни ливадски цветови. Затоа и неговиот ефект е широк. Се препорачува во секојдневната исхрана на децата и постарите лица. Судејќи според количините на ливадски мед, ливадите се важна паша за сите пчели.
Сончогледовиот мед е килибарно жолт, со препознатлив мирис и вкус. Поволно делува на респираторниот систем, а поради уникатните состојки поволно делува и на регулација на нивото на масни киселини во организмот. Многу брзо се кристализира во вид на крупни крцкави кристали.
Медот од лаванда во чајот од камилица, нане или пелин го смирува организмот, се користи против надуеност и го поттикнува мокрењето. Добро делува против мигрена и вртоглавица и се препорачува за оние кои страдаат и од кардиоваскуларни болести.
Медот од дива цреша има освежителна арома и препознатлив вкус. Собран за првите топли пролетни денови, ја носи силата и свежината на пролетното сонце. Во народната медицина се користи за освежување и зајакнување на срцето и крвните садови. Овошниот мед во нашите краишта обично не се фрла бидејќи пчелите речиси целосно го користат за развој на леглата.
Извор: Агропортал
