Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се основните карактеристики на еден успешен земјоделец?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои се основните карактеристики на еден успешен земјоделец?
АгровестиРурален Развој

Кои се основните карактеристики на еден успешен земјоделец?

Објавено 09/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За повеќето луѓе, земјоделството изгледа како едноставна активност и честопати оние луѓе кои се занимаваат со оваа гранка на економијата, се потценети.

Сепак, секој може да се занимава со земјоделство, но не секој може да биде успешен земјоделец. Една од причините за тоа е, што всушност станува збор за многу сложена активност која покрај многу труд и напор, бара и посебни вештини за управување со производствените процеси.

Во нивните напори да постигнат задоволителен принос и профитабилно производство, земјоделците многупати се прашуваат дали се на добар пат и дали управуваат со своето производство на одржлив и ефикасен начин.

За жал, не постои едноставен рецепт за да се биде успешен во овој бизнис, но постојат квалитети кои се заеднички за сите успешни земјоделци.

Организирано и вешто управување со активностите

Секој успешен земјоделец знае колку работни часови поминал на одредена активност во текот на сезоната. Врз основа на тоа, можно е да се анализира дали е потрошено повеќе време на активности отколку што беше планирано и како тоа дополнително ќе влијае на производството и трошоците.

Следењето на работното време е исто така важно за понатамошно планирање на активностите. Врз основа на податоците за потрошеното работно време, земјоделецот може да го испланира текот на активностите за следната сезона и да ја организира потребната работна сила на време.

Една многу важна карактеристика на успешните земјоделци, е следење на ефикасноста на вработените, што е особено важно во случај кога се ангажираат сезонски работници за време на бербата. Ова следење му овозможува на земјоделецот навреме да им плаќа на работниците врз основа на тоа колку сработиле.

Покрај првите два параметри, контролирани се и трошоците за работна сила за секоја активност, секое поле и во секоја сезона. Успешните земјоделци точно знаат колку чини вршењето на одредени активности, што во голема мера го олеснува нивното идно планирање и финансиско управување.

Контролирање на трошоците за работна сила за секоја активност

Друга важна карактеристика е отвореноста за дигитализацијата на земјоделството, што повеќе не е само концепт. Земјоделството, познато како застарена и традиционална активност, полека, но сигурно претрпува голема трансформација. Различни сензори, беспилотни летала, напредни трактори со автоматизирани системи за управување, софтвер и многу други технологии го менуваат начинот на производство на храна.

Сите тие технологии се развиени за да ги направат земјоделците попродуктивни и профитабилни. Затоа, оние кои се отворени за нови технологии имаат поголеми шанси да го подобрат сопственото производство.

Донесување одлуки врз основа на податоци

Една од клучните карактеристики е донесување деловни одлуки врз основа на податоци, а не врз база на емоции и чувства.

Многу земјоделци ги водат своите деловни активности врз база на емоции и тоа често доведува до непотребно трошење на ресурсите, што резултира со зголемување на производствените трошоци. Покрај тоа, управувањето преку интуицијата, честопати има негативен ефект врз самата продуктивност.

Успешниот земјоделец, секогаш знае колку средства се потрошени за одредена култура, и кои култури се продуктивни, а кои заостануваат.

Исто така, тој е способен да постигне оптимален принос и оптимален квалитет на производот и на крајот знае да оствари профит. Покрај тоа, тој е во состојба да ги постигне поставените цели, истовремено управувајќи со своето производство на одржлив начин.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцикарактеристикиуправувањеуспешно земјоделство
Претходен напис Со едно евро ќе се основа фирма
Следен напис Аргентина воведува данок на извозот на житарки и маслодајни култури?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?