Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аргентина воведува данок на извозот на житарки и маслодајни култури?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аргентина воведува данок на извозот на житарки и маслодајни култури?
Агровести

Аргентина воведува данок на извозот на житарки и маслодајни култури?

Објавено 09/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да го среди растот на цените на храната, аргентинската влада разгледува воведување на данок за извоз на пченка, пченица и соја.
Аргентинската влада размислува за воведување данок за извоз на храна за да ја запре високата инфлација, пишува Ројтерс. Оваа земја е трет светски извозник на пченка и најголем меѓународен набавувач на сточна храна од соја, а големи количини извезува во Европа.

-Не е исклучена можноста за воведување на данок – изјави заменичката на претседателот, Сесилиа Тодеска за тамошните медиуми. Додава дека цел на претседателот Алберто Фернандез е разговор со земјоделци и извозници за да се пронајдат методи за избегнување на наглото зголемување на цените.
Имено, потрошувачките во тие земји пораснале минатата година за повеќе од 36,1 посто. Тоа влијаело на веќе постоечките економски проблеми на граѓаните погодени со рецесијата, која таму започнала во 2018 година, а работата дополнително ја влошила и пандемијата на ковид-19.
Домашните житарки важни поради сточната храна
Последните месеци меѓународните цени на сојата и пченката достигнаа највисоко ниво во последните неколку години. Како што пишува infobae, во Аргентина моментално за извоз на соја се плаќа данок од 33 отсто, за масло 31, додека тој за пченка и пченица е 12 отсто. Аналитичарите сметаат дека тоа ќе ја поттикне инфлацијата која се заканува да ја зголеми сиромаштијата во оваа земја.
Тамошната влада минатиот месец го ограничи извозот на пченка со намера да ја намали цената, со објаснување дека нивната одлука се темели на потребата да се осигура домашната залиха со житарки, бидејќи се потребни како суровина за производство на сточна храна.
Меѓутоа, од тој план се откажале поради негодувањата на земјоделците. Имено, производителите сметаат дека ограничувањата би влијаеле на вложувањата и производството во време кога на централната банка ѝ се потребни долари од извоз за пополнување на девизните резерви.
Да потсетиме, и Русија воведе квоти за извоз на житарки, но и данок на извоз на пченица, откако претседателот на оваа држава, Владимир Путин ги повика владините службеници и играчи на пазарот поради порастот на цената на основните намирници.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:данок
Претходен напис Кои се основните карактеристики на еден успешен земјоделец?
Следен напис Законското регулирање на КОВИД мерките за продавниците на мало го поминаа првото читање пред Комисијата за економски прашања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?