Без разлика дали имате мало или големо стадо овци, пасењето е суштински дел од нивната исхрана. Сепак, на пасиштето има и растенија кои се опасни за нив. Затоа е важно да знаете за кои растенија станува збор и да ги препознаете знаците на труење кај животните.
Било кој вид на добиток што излегува на пасење е изложен на ризик да наиде на отровни растенија. Границите помеѓу руралните и урбаните средини не се јасни во некои области, а тоа може да ги доведе овците во голем ризик. Дури и ако имате оградена површина во вашето стопанство што е наменета за нивна пасење, овците и јагнињата можат да наидат на растенија што вообичаено не би ги нашле на пасиште и кои можат да им наштетат.

Затоа е важно да бидете внимателни. Со познавањето кои растенија се опасни полесно ќе ги препознаете и отстранете, ако станува збор за мала површина. Исто така, проверувајте го однесувањето на овците и штом забележите знаци на труење, контактирајте го ветеринарот што е можно поскоро.
Знаци и симптоми на кои треба да внимавате го вклучуваат следново однесување на животните:
Јадат малку или воопшто не јадат;
Повраќаат;
Се оддалечуваат од остатокот од стадото;
Ги држат главите наведнати, апатични се и изгледаат уморни;
Изгледаат збунето;
Пијат невообичаено голема количина вода;
Тешко дишат;
Им се грчат мускулите;
Стомаците им се надуени.

Кои растенија се токсични за овците и јагнињата?
Отровни растенија може да се најдат на пасиштето, околу краевите на полињата, покрај патот, покрај оградите или во самиот двор.
Освен што случајно може да ги изедат при пасење, важно е да знаете кои растенија се токсични за нив и ако ги храните вашите овци со зеленчук како додаток во исхраната.
Растенија што се отровни за овците се: багрем, брокула, зелка, даб, лијандер, дива цреша, планински ловор, циганско пердувче, ѕвездан, перуника, украсна лоза, објави Agromedia.rs.
