Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Кои македонски фирми добија најмногу пари од ИПАРД-програмата во 2021?


Досега во 2021 година, Платежната агенцијата додели околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата. Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град.

Компанијата „Уни Агро“ е добитник на најголемата исплата на грант годинава преку ИПАРД-програмата која ја спроведува платежната Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој. Велешката компанија „Уни Агро“ е основана во 2012 година, кога почнува со производство и промет на семенски материјали, житарки, мешана сточна храна, додатоци за сточна храна, храна за миленици, одгледување на свињи и свежо свинско месо. Во 2019 година започнала со инвестирање во фабрика за сточна храна и за тоа годинава добила неповратни 51.639.594 денари.

Фирмата „Агроандика“ од Ростуше, која пред две години започнала со изградба на гостинскиот конак кај Бигорскиот манастир, е на второто место со исплатени 35.531.935 денари.

На третата позиција е компанијата „Јоки Комерц“, позната по своите иновации во Живинарската фарма Долнени, со поврат на 26.449.947 денари.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.

-Откако ќе започне реализацијата на инвестицијата, ние континуирано вршиме контроли како таа се спроведува. На крајот, најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто – вели Никица Бачовски, директорот на платежната агенција.

Извор: faktor.mk

Дек 10, 2021agrotim3
Дали биостимулаторите се одговор за високите цени на ѓубривата?Рецепт за Јогурт погача, мека како памук

Напишете коментар Откажи одговор

10/12/2021 Фондовиагроандика, Ипард, јоки комерц, платежна агенција, уни агро2,448

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019
×