Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои документи се потребни за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кои документи се потребни за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
Агровести

Кои документи се потребни за упис во регистарот на индивидуални земјоделци

Последна измена: 11/02/2020 14:12
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на лицата кои сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност е тоа кои документи треба да ги поседуваат за да можат да се регистрираат како индивидуални земјоделци.  Индивидуалниот земјоделец може да врши земјоделска дејност ако ги исполнува следниве услови:

– Дејноста да ја врши на земјоделско земјиште на кое има право на сопственост или го има добиено врз правна основа од сопственикот.

 –   Да е полнолетен

–   Да има општа здравствена способност

–   Да не е во работен однос или пензионер

–    Со правосилна судска пресуда да не му е изречена мерка на безбедност и забрана за вршење дејност;

–    Да ги има подмирено пристигнатите даночни обврски и други јавни давачки и

–    Да не е запишан во трговскиот регистар (потврда).

За вршење на земјоделска дејност како индивидуален земјоделец истиот треба да поднесе барање до подрачната единица на Министерството за земјоделсво за упис во регистарот во местото каде се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши дејноста.

– Со барањето,  индивидуалниот земјоделец ги приложува и доказите за исполнување на условите за упис во регистарот и тоа:

– Доказ за државјанство

– Доказ за правниот однос за користење на капацитетите

– Доказ за здравствена состојба( уверение издадено од матичен лекар)

– Доказ за стручно образование (уверение,фотокопија)

– Копија од лична карта

– Доказ дека не е изречена мерка на безбедност и забрана за вршење дејност со правосилна судска пресуда

– Доказ дека нема неподмирени даночни обврски (Управа за јавни приходи)

– Доказ дека не е запишан во трговски регистар (потврда издадена од Централен регистар)

Предвиден рок за постапката е 15 дена.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Зголемен извоз на земјоделски производи за пет отсто, Владата најавува натамошна поддршка
АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Таг:дејностдокументиземјоделскаиндивидуален земјоделцуслови
Претходен напис (ВИДЕО) Денис Емини – фармер: Никој не ми веруваше дека ќе добијам 10 000 евра од „Млад земјоделец“
Следен напис МЗШВ: Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра
1 коментар 1 коментар
  • Катарина напиша:
    на 16/09/2020 г. во 21:18 часот

    Здраво,
    Дали со регистрирана дејност за селски туризам во ридско-планинско подрачје можам да се регистрирам како индивидуален земјоделец? Имено, дали селскиот туризам се препознава како стопанска гранка во земјоделието, бидејќи се спроведува во рурална средина? Исто така и ИПАРД програмата го препознава селскиот туризам како соодветна стопанска гранка и има финансиски мерки за таа намена.
    Благодарам.

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?