Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кога ќе се здружат енолог и пчелар, резултатот е – МЕДОВИНА, прво македонско вино од мед на Антонио Петров и Илчо Костадиновски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кога ќе се здружат енолог и пчелар, резултатот е – МЕДОВИНА, прво македонско вино од мед на Антонио Петров и Илчо Костадиновски
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Кога ќе се здружат енолог и пчелар, резултатот е – МЕДОВИНА, прво македонско вино од мед на Антонио Петров и Илчо Костадиновски

Објавено 28/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Антонио Петров, магистер по земјоделски науки, енолог од Виница следејќи ги светските трендови во производство на вино и разни алкохолни пијалоци, одлучил во 2022 година да направи сопствен експеримент и да произведе медовина.

-Одамна размислував да направам медовина бидејќи има лесно достапна суровина и во 2022 година почнав со тој предизвик. Во исто време видов дека и на Земјоделскиот институт во Скопје веќе се прават експерименти и обиди за производство на медовина. Се прави по технологија на вино, во строго контролирани услови како што се температура и хигиена на садовите, се прави еден вид шира од мед и вода и се ферментира за да се произведе вино. Во постапката се користат специјални видови квасци – раскажува за Агротим, Петров.

Медот е органски сертифициран, така што и виното е декларирано како органско.

Суровината за виното, односно органскиот мед е од мојот партнер, пчелар Илчо Костадиновски од Виница кој има околу 300 пчелни семејства и органски сертифициран, што значи дека и самото вино е органско. Нашата медовина на Балканскиот вински натпревар освои бронзен медеал во конкуренција од 1 200 вина од 16 држави – вели Петров.

Виното моментално го пласираат локално, а може да се купи во Крушево на некои локации бидејќи сеуште е во фаза на пилот продукт и уште не е дефиниран правецот на развој. Кој сака може да го нарача од нас директно, а подоцна ќе се потрудиме да го има во сите подобро снабдени продавници во секој град во државата – вели Петров и додава дека е потребна поголема винска култура кај нас која со добар маркетинг може да го зголеми интересот за конзумирање на вино бидејќи тоа е на многу ниско ниво. На тој начин уште повеќе ќе се зголемат ваквите семејни агробизниси.

КОНТАКТ: 071/ 309 675 и 078 /362 925

Лековити својства на медовината
Моќта на медовината, за разлика од другите пијалоци, после консумирање (се разбира во одредени количини) нема главоболка или други негативни симптоми. Содржи голема количина на витамини од групата Б и амино киселини кои го поттикнуваат развојот на протеини кои позитивно влијаат на издржливоста и опуштањето на организмот.

Наречен и „еликсир на животот“ поради неговиот состав и многу позитивно влијание врз организмот. Овој многу вреден пијалок делува така што го стимулира апетитот, го зајакнува организмот и го забавува стареењето.
Напомена: Иако медовината е исклучително корисен напиток, треба да се користи во ограничени количини со образложение дека содржи 13% алкохол.

Медовината или народно наречена вино од мед e алкохолен пијалак кој се добива со ферментирање на мед со вода и квасец, а понекогаш се додаваат разни овошја, зачини, житарки и друго.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијаенологмедмедовинопчелар
Претходен напис ДУМА: Поморот на риби во Вардар, кај Градско, го предизвикало истекување на течно ѓубриво од биогасна централа
Следен напис Дејвид Гир: Владата покажува добар напредок на патот кон ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?