Сливата припаѓа на родот Prunus. Латинското име и е Prunus domestica. Во овој род спаѓаат и праските, бадемите, вишните, црешите и сите оние овошки кои имаат коска во средината на плодот. Се смета дека денес низ цел свет постојат некаде околу 2000 сорти на сливи.
Сливата може да се користи во свежа форма како и за преработка.

Според овие параметри се организира и бербата како и се одредува начинот на кој ќе се бере овошката. Бидејќи раните сорти се користат за свежа консумација, а есенските за преработка, па така оваа првата група се бере пред целосно да созрее и тоа рачно, заедно со петелката. Треба да се води сметка, на кожичката на плодот да остане восок.
Ваквите сливи потоа се пакуваат во корпи или гајби. Свежата слива може да издржи и до 4 месеци во ладилник со влажност на воздухот од 85% и со температура од -1 до 1 степен.
Ако сливите се користат за понатамошна преработка, тогаш за берење се користи механизација. Во тој случај овошките мораат целосно да созреат.
Принос на сливите
Денешната современа технологија, која се користи во производството на сливи овозможува релативно брзо достигнување на полн роден принос, редовност и добар квалитет. Сепак и при користење на современа технологија неопходно е да се поседуваат одредени познавања, кои пред се се однесуваат на прилагодувањето на технологијата за одгледување на одредена сорта.

На пример, сортата „Чачанска родна“ остварува брз и добар принос кога е засадена по систем на густо садење но масата на плодот е многу мала, додека масата на плодот кај сортата „Стенлеј“ и кај „Чачанска убавица“ е најголема, но овде приносот е помал.
Просечниот принос на сливи би бил 10-12 тони на 5000 метри квадратни, насад со овошки стари околу 15 години.
Извор: agrosavjet.com
