Неодамна во САД на лотаријата PowerBall-Jackpot можеше да се добие сума во износ од 700 милиони долари, што е повеќе од 600 милиони евра.
За да дознае што би направиле тамошните фармери со таа сума, доколку ја освојат, американскиот портал Farm progress направи истражување.
Само мал дел од земјоделците, поточно 21 отсто од нив изјавиле дека ќе го напуштат бизнисот, што изненади многумина. Овие резултати го потврдија фактот колку земјоделците ја сакаат својата работа и колку доброволно ја работат.
Само шест отсто од нив одговориле дека ќе ги преуредат домовите и фармите, што значи дека тоа не им е приоритет, туку ќе продолжат да се занимаваат со земјоделска дејност. 10 отсто од нив би ја купиле новата механизација потребна за работа на фармата.

Она што е многу значајно е уделот на повеќе од 60 отсто од испитаниците кои би ги искористиле парите за да купат повеќе земјоделско земјиште и со тоа да ја зајакнат својата економија. Според нив, тоа е долгорочна инвестиција и најдобра инвестиција на пари бидејќи цените постојано растат, а тоа е добра можност да ја обезбедите иднината на вашето семејство.
Колку пари заработуваат американските фармери?
Според Agrarheute, американското Министерство за земјоделство проценува дека оваа година просечниот нето приход на фармите таму ќе се зголеми за 10.000 американски долари, или 11,9 отсто, на 93.700 долари по фарма (повеќе од 80.000 евра).
Се очекува најголем раст на приходите да забележат одгледувачите на свињи и фармерите кои произведуваат пченка и други житни култури. Од друга страна, фармите за млеко може да забележат пад.
