Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кина резервирала историска количина на пченка за увоз!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Кина резервирала историска количина на пченка за увоз!
Агровест

Кина резервирала историска количина на пченка за увоз!

Објавено 05/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веста дека Кина, за увоз има резервирано најголемо количество американска пченка во историјата, беше објавена во јануари од страна на американското Министерство за земјоделство (USDA). Главната причина е ненадејното зголемување на побарувачката за добиточна храна во таа земја, што е на добар пат да стане најголем увозник на овој вид житарица во светот.

Станува збор за приватна продажба која всушност е и втора најголема дневна продажба во САД досега забележана. Фактот дека беше надминат договорот од 1991 година, кога Кина нарача 3,72 милиони тони од оваа житарица од поранешниот СССР, доволно зборува за тоа.

Според Ројтерс, оваа земја има резервирано вкупно 3,74 милиони тони пченка од америчките залихи. Треба да се додаде дека во исто време биле купени дополнителни 132.000 тони соја.

Оваа набавка го стимулира растот на глобалните цени на житните култури, а експертите сметаат дека може да предизвика и инфлација на храната, во земјите кои веќе се сериозно погодени од пандемијата на вирусот корона.

„Увозот на оваа култура во Кина, може да се искачи на 25 до 27 милиони тони во тековната година, вклучувајќи 18 до 20 милиони тони од САД“, рече Дан Бејз, претседател на „AgResource Co.“ Токму тоа Кина би ја направило да биде најголемиот купувач на пченка во светот.

Пред една година, Кина увезе само 7,6 милиони тони пченка, што покажува дека сега увозот е скоро трипати поголем, а аналитичарите тврдат дека американските залихи се доволни за да одговорат на зголемената побарувачка.

На ваков увоз Кина е принудена, затоа што тамошните посеви се оштетени од невреме и суша. Следствено, залихите на домашниот пазар станаа помали и недоволни за да се нахранат се поголемиот број стада свињи, а се работи и на тоа стадата уште повеќе да се зголемат.

Треба да се напомене дека споменатата продажба следуваше по големиот пад на цените на пазарот , со што на Кина и се отворија можности за купување. Но, по договорот со САД, цените повторно почнаа да растат.

Според статистичките податоци, Европската унија е сè уште најголем увозник на пченка, со 20.500 тони годишно.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Таг:кинапченкаувоз
Претходен напис ОН: Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година
Следен напис (Видео)Со Пивковски за живинарската фарма набавена од Хемометал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?