Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кина го зголемува производството на пченка – повисоката цена ги испразни магацините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кина го зголемува производството на пченка – повисоката цена ги испразни магацините
АгровестиПазари

Кина го зголемува производството на пченка – повисоката цена ги испразни магацините

Објавено 11/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Corn and Grain Handling or Harvesting Terminal. Corn Can be Used for Food, Feed or Ethanol I
Сподели
Ad imageAd image

Цената на пченката во Кина достигна рекордно ниво, а тамошните власти ги испразнија резервите. Меѓутоа, увозниците набавија огромни количини за да го надоместат недостигот.

– „Кина оваа година ќе ги зголеми површините засеани со пченка во своите главни поледелски региони“, најави кинескиот минситер за земјоделство, Танг Ренјиан коментирајќи дека последните неколку години намаленото сеење резултирало со се поголем недостиг на оваа клтура во земјата. Зголемувањето на површините е дел од планот за прехрамбена сигурност, според новоименуваниот министер за земјодлество и рурални работи, пренесува reuters.

Стабилизација на производството

Властите ќе се насочат на ширење на површините со пченка на североисток, како и подрачјата околу реките Хуаи, Хаи и Хо, вети Ренјиан откако цените на житариците во Кина достигнале рекордно ниво, а сопствениците ги испразниле резервите. Меѓутоа, увозниците набавиле рекордни количини за да го надоместат недостигот.

– „Се очекува дека површините и производството на пченка ќе се опорават и ќе се зголемат, додека цената веројатно ќе падне во следните неколку години“, вели Менг Јинхуи, виша аналитичарка од агенцијата Shengda Futures.

Според кинескиот државен завод за статистика земјоделците во 2020 година засеале 41.264 милиони хектари пченка, а производството изнесувало 260,67 милиони тони зрна. Кина ги намали површините во последните неколку години за да ги редуцира државните залихи и го зголеми производството на останатите култури како сојата.

– „Властите мора да се осигураат дека нема да се намалат ниту површините со ориз“, потенцира министерот. „На северозапад и подрачјата околу реките Хо, Хуаи и Хаи треба да настојуваат на опоравување на површините со пченица“, смета тој и додава дека Кина ќе го стабилизира производството на соја и ќе ги осигура домашните залихи. Исто така, ќе се насочи кон подобро семе и заштита на своите обработливи површини поради јакнење на сигурноста на житарките.

Модернизација на земјоделството

Треба да се спомене дека оваа држава во текот на минатата година забележала добра жетва, а производството на житарки е зголемено за 0,9 отсто на годишно ниво.

Како што пишува xinhuanet, паметната технологија и дигитализација станале дел од движењето за модерно земјоделство, ослободување на работната сила и подобрување на производствената ефикасност. Од септември 2020 Кина воспсотави 18 земјоделски пилот зони без работна сила и тоа за 14 видови посеви во 12 покраини и региони. Со тој проект се покриени повеќе од 5.300 хектари, а исто така продажбата на опрема, самостојни и автономни земјоделски машини пораснала за дури 213 отсто во оваа земја. Најавена е и дигитална земјоделска платформа која во разни фази собира информации за животната средина, плодноста на земјиштето и растот на посевите, нудејќи научни насоки за управување со полињата.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:кинапроизводствопченкацени
Претходен напис УХМР: И денеска облачно време со дожд, ветер и грмежи
Следен напис Дождот и водотеците ја полнат битолската акумулација „Стрежево”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?