Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кебакоски: Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кебакоски: Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед
Агровести

Кебакоски: Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед

Објавено 19/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година. Една од мерките е финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи.

Здружението на земјоделци производители на сончоглед заедно со директорот на „Кристал 1923“, Горанчо Лазов, по завршувањето на сезоната, заеднички побараа од Владата поддршка за новата реколта која поради неповолните временски прилики беше многу намалена.

-Ланската година временските услови не ни одеа во прилог и затоа родот беше намален. Како здружение на производители на сончоглед, побаравме од Владата да ни помогне со директна поддршка и гледаме дека нашето барање е прифатено. Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед – Изјави за Агротим земјоделскиот производител – Миле Кебакоски.

Голема поддршка земјоделците имаат и од нашиот најголем откупувач, фабриката за масло – „Кристал 1923“ .

-Ние како фабрика секогаш сме на страната на земјоделските производители, нашите кооперанти и затоа ја поздравуваме оваа поддршка од страна на Владата. Очекуваме да продолжи стратегијата на државата за враќање на сончогледот на македонските ниви, зголемување на домашното производство кое реално може да достигне 10 -15 000 тони. Тоа е добро за целото стопанство и граѓаните бидејќи ќе имаме сигурна суровина и да се намали зависноста од увоз – изјави за Агротим, директорот на „Кристал 1923“ – Горанчо Лазов. и додаде дека уште една важна мерка треба да се донесе за поголема стабилност на ова производство за нив како откупувачи и преработувачи.

– ДДВ за сончоглед од 10 отсто повторно треба да биде како досега на 5 проценти. Сончогледот не е луксузен производ туку суровина за производство на сурово масло, кое е од стратешки интерес за земјава. Затоа воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците бидејќи ниту сончогледот е луксуз ниту има потреба да се воведе 10 отсто ДДВ на сончоглед, затоа што ДДВ на суровото масло е 5 проценти. Нема никаква логика ДДВ на суровината да биде 10 отсто, кога на суровото масло кое го добиваме ДДВ е  5 отсто, потенцира Лазов.

Враќањето на сончогледот на македонските ниви, таа успешна приказна на Договорно производство која започна во 2018 година, мора да продолжи. На овој начин откупувачот има сигурна суровина, а земјоделските производители обезбеден пласман. Владата се погрижи да имаат повисоки субвенции за сончоглед, а земјоделците добиваат и дополнителна поддршка како ѓубриво, зелена нафта, а сега и директна субвенција од 5 денари. Сугестиите од страна на сите чинители во овој значаен процес кога се сфаќаат сериозно резултатот е успешна стратегија за развој.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:договорно производствоземјоделцисончогледсубвенции
Претходен напис Грчките земјоделци на пат кон Атина за утрешниот протест, Владата им порачува дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка
Следен напис Променливо облачно со локален слаб дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?