Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци на пат кон Атина за утрешниот протест, Владата им порачува дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци на пат кон Атина за утрешниот протест, Владата им порачува дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка
Агровести

Грчките земјоделци на пат кон Атина за утрешниот протест, Владата им порачува дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка

Објавено 19/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од цела Грција со трактори, автомобили, автобуси и камиони го започнаа нивното патување кон грчката метропола за утрешниот собир на плоштадот Синтагма, додека пак грчката Влада уште еднаш им порача дека не постои финансиски простор за дополнителни мерки за поддршка, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу 150-200 трактори и околу 5.000 земјоделци, според најавите, се очекува да пристигнат во Атина, а патувањето ќе биде организирано, во конвој со полициска придружба и во една лента на автопатот.

Дел од земјоделците, од северниот дел на земјата веќе се на пат кон централна Грција од каде утре ќе тргне конвојот кон Атина.

Протестот е закажан за попладневните часови, а земјоделците ќе добијат поддршка од синдикатите, од разни здруженија, но и од студентите.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, уште еднаш повтори дека „вратата на кабинетот на премиерот е отворена“, но и дека не постои простор и можност за дополнителна поддршка на земјоделците во рамките на државниот буџет.

– Исцрпени се можностите и, како што имаме кажано, не сакаме да создаваме очекувања што не можеме да ги исполниме, истакна Маринакис.

Грчките земјоделци во вторникот се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и донесоа одлука да одржат протест во Атина, а оние кои ќе останат на поставените блокади, ќе ги затворат граничните премини и пристаништата.

Земјоделци веќе речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АтинаВладатаГрчките земјоделциподдршкапротест
Претходен напис Поскапуваат Еуродизелот и Екстра лесното масло
Следен напис Кебакоски: Со мерката на Владата и добра откупна цена, ќе се зголеми производството на сончоглед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?