Ширењето на африканската свинска тчума меѓу популацијата на диви свињи во северна Шпанија продолжува да ги загрижува властите. Најновите случаи на инфекција билед потврдени и во Комарка (округ Барселона), со што бројот на заразени диви свињи се зголемил од 216 на вкупно 227, пишува Pigprogress.
Во најновиот извештај се пријавени 11 нови случаи, сите пронајдени во областа на Барселона. Така, овој округ стана третата област каде што е потврдена инфекцијата, по соседните области Валхес Оксидентал и Баик Љобрегат.
Планирано е уништување на околу 12.000 единки
Податоците објавени од Светската организација за здравје на животните (WOAH) сугерираат дека појавата на вирусот во Барселона не е резултат на ненадејното географско ширење, туку е последица на административните граници на округот.
Заразените животни се пронајдени во ридско подрачје претежно покриено со шуми кое административно припаѓа на округот Барселона.
Вирусот досега е потврден во вкупно девет општини во трите погодени области. Станува збор за област што се протега на околу 17 километри во правец север-југ и нешто помалку од осум километри во правец исток-запад.
За да се спречи понатамошното ширење на болеста, властите на автономниот регион Каталонија најавија радикални мерки за контрола на популацијата на диви свињи. Планирано е отстранување на околу 12.000 единки на област од 20 километри околу местото каде што била пронајдена првата заразена свиња во ноември.
Брзата акција од страна на службите е клучна
Како дел од тие мерки, бил затворен и Природниот парк Колсерола, со површина од 8.259 хектари. Токму во оваа област биле регистрирани првите случаи на инфекција кај дивите свињи. Се проценува дека во паркот живеат околу 600 животни, кои исто така ќе треба да бидат застрелани за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
Според шпанскиот весник „Ел Паис“, главниот инспектор на каталонските рурални агенти, Антони Мур, изјави дека шумските служби, со помош на неколку ловџиски групи, ќе треба да спроведат обемна операција за отстранување на дивите свињи за да ја стават болеста под контрола.
Експертите предупредуваат дека брзата акција е клучна, бидејќи африканската свинска чума се шири многу лесно меѓу дивите и домашните свињи, а нејзиното ширење може да има сериозни последици за свињарството и земјоделскиот сектор.
извор: agroklub.rs
