Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Казнети 15 земјоделци за палење стрништа и слама
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Казнети 15 земјоделци за палење стрништа и слама
Агровести

Казнети 15 земјоделци за палење стрништа и слама

Објавено 06/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државниот земјоделски инспекторат открил и казнил 15 лица за палење стрништа и слама на полињата во кочанскиот регион кои со тоа директно придонеле за загрозување на општата безбедност и за загадување на животната средина.

Инспекторите секојдневно се на терен и од увидот е констатирано дека се опожарени поголеми површини земјоделско земјиште, а лицата кои ги палеле остатоците од жетвата на оризот биле затекнати во нивите.

– Против откриените сторители се поднесени прекршочни пријави и издадени им се налози за плаќање парична глоба. Висината на казната е различна, во зависност дали се работи за физички или правни лица и достигнува до 500 евра во денарска противвредност. Истовремено, на средбите со земјоделците се обидуваме да ја подигнеме јавната свест и да укажеме дека со палењето на сламата и стрништата тие влијаат врз загадувањето на воздухот, а загрозени се и објекти во непосредна близина или пак земјиште засеано со други земјоделски култури, истакна Савка Веселинова, државен земјоделски инспектор.

Од земјоделскиот инспекторат додаваат дека голем придонес во откривањето и санкционирањето на лицата кои нелегално палат оган на отворен простор дава и соработката со полицијата и со територијалната противпожарна единица од Кочани, чии екипи исто така излегуваат на терен.

Палењето на стрништата и сламата во последните неколку недели е зачестено, особено во доцните попладневни и вечерните часови, поради што од инспекторатот најавија засилени контроли во тој период и ригорозни санкции за сите прекршители.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:казни за земјоделцитепалење на стрништапожаристрништа
Претходен напис Македонски вина промовирани во Швајцарија
Следен напис Пачешкоски од ПЕ Прилеп: Земјоделците да очекуваат повик за држвно земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?