Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Подрачната единица на МЗШВ Кавадарци со најголем број издадени картички „зелена нафта“


Подрачната единица на МЗШВ во Кавадарци е една од најголемата по број на земјоделци кои се пријавуваат за субвенции, а со тоа и за сите мерки кои се носат од страна на Владата.

-Во нашата подрачна единица годишно имаме над 6000 апликации за субвенции и комуницираме со голем број на земјоделци од нашата општина за сите прашања кои се поврзани со земјоделското производство и институциите од агросекторот – вели за Агротим, Митко Керов ,раководител на ПЕ на МЗШВ Кавадарци и додава дека во моментов има поголем број на земјоделци кои се тука за да извршат ажурирање на своите земјоделски стопанства со новите ортофото снимки.

-За сите информации околу оваа постапка апелираме до земјоделците да се обратат до нашата канцеларија за да нема недоразбирање и различни дезинформации во вршењето на ажурирањето на секое земјоделско стопанство. Телефон за контакт во нашата канцеларија е 043-415-188 и ги очекуваме земјоделците – објаснува Керов.

Што се однесува до поделбата на картичките „зелена нафта“, од вкупно 5974 картички досега се поделени над 4 800 картички со поефтина нафта.

-Oд среда планираме да им ги доставиме на домашна адреса на оние ко не беа во можност да ги подигнат картичките од нашата канцеларија . Во секој случај ќе направиме се, сите земјоделци да ја искористат оваа поволност од 30% поефтина нафта за земјоделската механизација. Според кажувањата на земјоделците, ова е помош за нив во намалување на производните трошоци и мерка која долго време ја бараа – изјави Керов.

Упатство за користење на безготовинска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација

  1. Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
  2. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
  3. Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
  4. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
  5. Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
  6. Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса:  [email protected]
  7. За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса:  [email protected]
  8. При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.

Во случај кога целиот износ на картичката нема да се потроши при првото полнење на гориво, при секое следно полнење задолжително корисникот претходно треба да го провери расположивиот износ и во рамки на тој износ да наполни гориво.

Доколку наточениот износ на гориво го надминува расположивиот износ на картичката, разликата ја доплаќа корисникот од сопствени средства.

  • Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.

Ја става картичката во читачот, и по звучниот сигнал го внесува ПИН кодот. По извршеното плаќање на корисникот ќе му биде издадена фискална сметка, заедно со интерна сметка од точењето на горивото.

На самата интерна сметка корисникот ќе може да го прочита преостанатиот лимит на картичката.

Ное 18, 2019agrotim1
Менде Стомнароски: Имаме одличен квалитет на тутунот, очекуваме повисока ценаУтре во Новаци - ИПАРД инфо ден

Напишете коментар Откажи одговор

18/11/2019 Агровестиzemjodelstvo, влада, зелена нафта, издадени, кавадарци, картички, мерка1,052

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019