Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“
Агровести

Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“

Објавено 30/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања за безбедно учество во сообраќајот со земјоделска механизација и работни машини, која има за цел да ја подигне свеста за сериозните последици од неодговорното учество во сообраќајот со трактори и работни машини.

Возачите на трактори и други работни машини, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и согласно со Законот за возила, за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни и регистрирани возила.

– Искуството од терен и податоците од Станиците за технички преглед на возила, покажуваат дека  голем број возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола и голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини, учествуваат во сообраќајот, нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни – нагласуваат од РСБСП.

Кампањата ќе се реализира на територијата на цела држава, во сите земјоделски региони, со поддршка на Министетрството за внатрешни работи и општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, и други.

Во рамки на кампањата РСБСП во соработка со МВР, ќе организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоросцентни траки, триаголници, ротациони светла итн.

Од РСБСП, посочуваат дека ќе бидат реализирани и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел,  за подигнување  на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор, итн.

РСБСП, исто така, упатува апел до возачите на трактори и други работни машини да бидат внимателни при управувањето со нив и да ги означат со законски пропишаната сигнализација, со цел да бидат видливи за останатите учесници во сообраќајот со што би се избегнале евентуални сообраќајни незгоди кои може да резултираат со повреди и загуби.

– Безбедноста на возачите на трактори и на останатите учесници во сообраќајот секогаш треба да биде на прво место, посочуваат од РСБСП. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:РСБСПТрактор
Претходен напис Најмногу дожд во Тополчани, Крушево и Прилеп
Следен напис Село Гари, незаборавен мирис на недопрена природа што треба да се почувствува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?